МЛАДИНСКИ СОВЕТ ОХРИД ГО ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПЕШАЧЕЊЕТО-26 СЕПТЕМВРИ
Со планинарски излет до Рамне, Младински Совет Охрид, го
одбележа 26 септември, меѓународниот ден на пешачењето.
Тргнувајки од градскиот плоштад, поминувајки покрај
Студенчишта, Вршек и Глувчин Дол, 70 деца и млади поминувајки низ живописни
предели стигнаа до селото Рамне.
Движејки се по планината, предводени од тимот на МСО и
лиценциран планинарски водич, децата уживаа во несекојдневната глетка која им
ја пружи планината.
Планинарскиот излет е дел од програмата за развој на
рекреативниот спорт ,,СПОРТ ЗА СИТЕ ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ,,координирана од Катерина Каневчев.
За сите учесници на излетот, Младински Совет Охрид, преку
своите донатори Добра вода и хотелот Милениум Палас, обезбеди освежување и lunchпакети.