Мени
Почетна
За Нас
Програми
Новости
Галерија
Донатори
Линкови
Контакт
Login





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Присутни
Имаме 2 гости на оваа страница
RSS Линкови
Преземете RSS:
Статистика

 

 

English
About Us
Пребарување
Анкета
Кој е најголемиот проблем на младите?
 
Последни коментари
Rale
Pozdrav iz Slovakie za ceo Ohrid a najvise za Dimcheta 8)
ИЛЧЕ
НАВИСТИНА СТЕ СИЛА толку многу различни активности секој да ви по
Darko
Super svezi informacii na sajtov, interesno ima sto da se procita
petar
Еве конечно и јас да дам едно коментарче, одлично е сајтчево пред

 

 

Млади креативци
 
 
 
МЛАДИНСКИ СОВЕТ - ОХРИД

ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА КРЕАТИВНОСТА  ,,МЛАДИ КРЕАТИВЦИ,,


,,Цени ги добрите мисли, и своите и туѓите,   кога ќе ги препознаеш. Ништо нема да ти помогне да ја завршиш вистинската задача повеќе од добрите мисли,,

                                        Лав Толстој                                   
   

    Програмата за развој на креативноста на младите, согласно мисијата на здружението, има за цел да го помогне и поттикне развојот на креативноста на младите и да овозможи активно учество на младите во едукативно-креативните активности на Младинскиот Совет. Исто така целта на оваа пограма е пружање поддршка за развојните потреби на младите, информирање, едукација и општествено афирмирање, како и промоција и развој на волонтерската работа, солидарност и одговорност. Со нивното активно партиципирање во активностите кои ги предвидува програмата, ќе се подобрат постоечките и ќе се развиваат нови вештини, знаења и ставови, ќе се зајакнуваат капацитетите и ќе се насочат младите кон изразување и задоволување на своите потреби во склад со вредностите и очекувањата кои произлегуваат од мисијата.

    Програмата ќе се реализира преку креативни работилници кои ќе се реализираат во текот на целата година. Креативните работилници ќе имаат и едукативен карактер, со цел младите креативци да се запознаат со креативните трендови и техники за работа, а исто така ќе изобилуваат различни содржини, тимска работа и работа во мали групи, а исто така ќе се обрне внимание и на квалитетен индивидуален пристап.

    Програмата ,,Млади креативци,, ќе се реализира преку фото- работилница, работилница за изработка на накит, ликовна работилница и литературна работилница. Сите работилници ќе се реализираат еднаш месечно.





    1. Фото- работилница:

     Оваа работилница ќе започне со организирање обука од страна на стручно лице. Обуката ќе се реализира преку три еднодневни семинари на кои членовите на работилницата ќе имаат можност да се запознаат со историјата на фотографијата, а исто така и основите на фотографиирањето, вклучувајќи и обука за запознавање со фотоапаратите, деловите од кои се содржат, начинот на кој се раоти со нив и сл. Обуката ќе ја посетуваат 10 млади, заинтересирани за оваа работилница, а во текот на годината нивниот број ќе се зголемува во зависност од покажаниот интерес. Младите фоготрафи, обучени, ќе имаат можност да фогорафираат, според однапред организирана програма. Фотографите, тематски ќе ги подготвуваат своите дела, како би можело да се организираат изложби и промотивни настани.

   

    2. Работилница за изработка на накит:

    Работилницата за изработка на накит, ќе им понуди на заинтересираните млади да научат вештини и техники за изработка на накит. Преку едукативни сесии, младите креативци ќе ги запознаат технките за изработка на накит, материјалите од кои се изработува и алатите кои се користат за изработка на накитот. Во текот на реализација на програмата, младите, ќе имаат можност стекнатите знаења и вештини практично да ги применуваат. Накитот кој ќе се изработи ќе биде презентиран на настаните кои ќе се организираат во рамки на програмата, но и во рамки на други активности на волонтерско-средношколскиот сектор, како и МСО.

    3. Ликовна работилница:

    Ликовната работилница ќе ги собере на едно место младите кои имаат желба и талент својата креативност да ја искажат преку сликање, моделирање, дизајнирање и сл. За членовите на ликовната работилница, исто така ќе бидат организирани едукативни презентации на техники кои можат да се користат, материјали кои можат да се употребуваат при работата, како и производи кои можат да произлезат како продукти од рабтилниците.

    4. Литературна работилница:

    Оваа работилница ќе функционира како клуб во кој ќе се реализираат повеќе активности: новинарство, поезија, проза, рецитаторство и дебата. Во рамки на оваа работилница, младите, ќе имаат можност да се дружат меѓу себе, да разменуваат идеи и мислења, а секако и да творат. Од литературната работилница предвидено е да произлезат збирки поезија и проза, билтен, весник, а исто така и организирање на литературни вечери.

    5. Организирање на квартални промотивни настани:

    Од сите работилници, предвидено е да има одредени проедукти, кои би претставувале резултати од реализирање на активностите. За организирано презентирање на резултатите, предвидено е организирање на 4 настани, на кои ќе се презентираат резултатите. Настаните ќе бидат искористени, донаторите, медиумите и пошироката јавност да се запознаат со програмите на Младински Совет, со резултатите кои се постигнуваат од работењето, како и од можноста да се привлечат нови донатори, волонтери и членови.
 
 
 

Додаток А: Акционен план на активности

Активност

Временски период

Одговорно лице

Очекуван резултат

Ресурси

1. Фото работилница

 

1-12.2008

 

 

  Координатор

  + волонтер

 

  • реализирани 12работилници

  • обучени 10 фотографи

  • изработени 150 фотографии

  • организирани 4 изложби

 

  • административни
  • трошоци
  • материјали
  • хонорари
  • освежување
  • храна
  • простор
  • печатење
  • промоција

 

2. Работлница за изработка на накит

 

 

1-12.2008

 

Координатор

+ волонтер

  • реализирани 12
  •  работилници

  • едуцирани 10
  • младинци

  •  изработени
  •  360 парчиња
  •  накит

  • организирани 2
  •  ревии за
  •  презентација на
  •  накит

  • организирани 4
  •  продажниакции

 

  • административни
  •  трошоци
  • материјали
  • хонорари
  • простор
  • освежување
  • печатење
  • промоција

 

3. Ликовна работилница

 

1-12.2008

 

Координатор

+волонтер

  • реализирани 12 работилници

  • едуцирани 10 младинци

  • изработени 240 експонати

  • организирани 4 изложби
  • административни
  • трошоци

  • материјали

  • хонорари

  • простор

  • освежување

  • печатење

  • промоција

 

4. Литературна работилница

 

1-12.2008

 

Координатор

+волонтер

  • реализирани 24
  • работилници

  • печатење на збирка проза и поезија

  • печатење на 
  • тримесечен билтен

  •  *организирани 4 дебати

  • организирањена 4 литературни настани

 

  • административни
  •  трошоци
  • материјали
  • хонорари
  • простор
  • освежување
  • печатење
  • промоција

 

 
 
< Претходно
www.mladinskisovetohrid.org.mk