Велосипедски крос - ,,СПОРТ ЗА СИТЕ – ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ,,
Младински Совет Охрид, во рамките на програмата за развој на рекреативниот
спорт ,,СПОРТ ЗА СИТЕ – ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ,, организираше велосипедски крос.
Велосипедскиот крос се реализираше на релацијата ГРАДСКИ ПЛОШТАД – ХОТЕЛ
СИЛЕКС, при што група од 70 млади организирано се движеа низ градскиот кеј,
преку мостот кај Билјанини извори, преку плажите кај хотелите Парк, Инекс и
Славија Спектар, до спортските терени кај хотел Силекс.
Учесниците на велосипедскиот крос на терените играа фудбал,
кошарка, одбојка, хокеј, тенис, не лути се човече, а исто така и уживаа на
брегот на Охридското Езеро.
За сите учесници, Младински Совет Охрид преку донаторите
СЛАТКА КУЌА И ДОБРА ВОДА, обезбеди освежување.
Велосипедскиот крос, поради поголема безбедност, беше
реализиран со придружба на МВР-СВР Охрид.