Младински Совет Охрид,
според старите охридски обичаи, во куќата на Робевци, им се заблагодари на
донаторите за поддршката која им ја даваат за реализација на младинските
програми.
Со слатко од смокви, леблебија и суво грозје, визитарски
слатки, ракија и вино и охридска староградска песна, Младински Совет Охрид, ги
пречека и им даде признание на најголемите донатори на младинските програми,
кои пак со своето присуство уште еднаш ја потврдија својата заложба да помогнат
во подобрувањето на секојдневниот живот на младите во Охрид.
Локалната самоуправа на Општина Охрид, МЈП Проаква, хотел
Милениум Палас, спортска обложувалница Премиер, пицерија КОЗА НОСТРА, СУНА,
хотел ТИНО, спортска обложувалница Депортиво, радио такси МЕРЦЕДЕС, и ЛЕТРА
дизајн се новите членови наКЛУБОТ НА
ПРИЈАТЕЛИ НА МЛАДИТЕ, кои во куќата на Робевци беа промовирани на донаторската
ОХРИДСКА ВИЗИТА, која Младински Совет ја организираше како дел од своите
програмски активности.
На настанот присутните ги поздрави директорката на Завод
за заштита на споменици и музеј, Г-ѓа Тања Бунташеска Паскали, која со големо
воодушевување ја поздрави иницијативата за возобновување на една стара охридска
традиција, преку која пак се одава посебно признание на донаторите кои ги
помагаат младинските програми, што е од големо значење на развојот на младите
во општина Охрид. Бунташеска Паскали, беше посебно горда што овој настан се
одвива во институцијата со која таа раководи и истакна дека овој настан е
почеток на едно ново партнерство од кое ќе произлезат уште многу други настани
преку кои ќе се промовираат културните, духовните и материјалните вредности на
Охрид.
Димче Каневче нагоститеим се заблагодари за
присуството, а на донаторите на младинските програми за континуирана поддршка
на работата на организацијата која ја раководи. Каневче истакна дека е посебно
горд на ОХРИДСКАТА ВИЗИТА, затоа што на специфичен начин им ја оддаваат
благодарноста која ја заслужуваат донаторите, а исто така и поради тоа што така
му ја оддаваат почитта која Охрид ја заслужува а не секогаш му е дадена.
Покрај многубројните гости, на ОХРИДСКАТА ВИЗИТА,
присуствуваа и претставници на здружението КОНЕКТ, кое исто така е подржувач на
Младински Совет Охрид.