Мени
Почетна
За Нас
Програми
Новости
Галерија
Донатори
Линкови
Контакт
Анкета
Како ви се допаѓа новиот дизајн на веб страната од мсо?
 
Login





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Присутни
Имаме 49 гости на оваа страница
RSS Линкови
Преземете RSS:
Статистика

 

 

English
About Us
Пребарување
Клуб на пријатели
galebce.jpg
        
За клубот
Нивоа на членство
Активности
Членови на клубот
Програми
Билтен на МСО за 2008


Последни коментари
siko
cestitki za aleksandar petreski toj pomognal i ke pomogne na nvo
dzana
ej dimce zs mi ja imas blokirano acountot moj ne mozam da vlezam inace sega sakam da ojme so tegjana vo resen pa posle v
dzana
hi za sega inace ke prajme ovde mnogu muabet 
ivana
pozz do MSO i imam edno prasanje:D koga slikite od seminarot vo Kocarev za aktuelnite ''poroci'' :D:D

 

 

ДОБАР СОВЕТ - ЗДРАВЈЕ ВРЕДИ

            Младински Совет Охрид започнува со реализација на проектот ,, ДОБАР СОВЕТ ЗДРАВЈЕ ВРЕДИ,,. Проектот има за цел да ги промени ставовите и перцепциите кај младите за смислата на сексуалните односи, а со тоа и да ги поттикне младите на грижа за сопствениот психосоцијален развој и репродуктивно здравје.

 

            Со овој проект Младински Совет Охрид ќе работи на освестување намладите за грижа за сопственото репродуктивно здравје, за емоционалното врзување со еден партнер, а исто така ќе ги едуцира како се остваруваат здрави врски и односи и остварување на здраво семејство. Со овој проект ќе се нагласи потребата индивидуата да биде прифатена и почитувана од страна на партнерот како личност,  а некако сексуален објект, а исто така ќе се нагласи примарната функција на органиите за репродукција како и на освестување на младите за развојот на примарните и секундарните полови органи.

 

            Проектот започнува со подготовка и спроведување на масовно анкетирање помеѓу младите на возраст од 14 до 17 години, ученици во осмите одделенија во основните училишта и прва и втора година во средните училишта. Истражувањето ќе се спроведе со цел да се добие сознание за ставовите на младите за значењето и смислата на сексуалните односи, за потребите на младите за сексуални односи како и да се испита дали постои родова стереотипност.

 

            Непосредно со реализација на истражувањето се подготвуваат брошура и флаери, кои ќе бидат дистрибуирани на информативно-едукативните средби кои ќе се организираат во основните и средните училишта во општина Охрид. Во рамките на овој проект предвидено е и оддржување на средби за презентација на резултатите од истражувањето со претставници на повеќе институции во општината кои се занимаваат со проблематиката која ја третира овој проект.

 

            Проектот финансиски е поддржам од Агенцијата за спорт и млади на РМ а координатор е Елена Каневче - психолог во Младински Совет Охрид..

 
< Претходно   Следно >
www.mladinskisovetohrid.org.mk