Младински Совет Охрид започнува со реализација на
проектот ,, ДОБАР СОВЕТ ЗДРАВЈЕ ВРЕДИ,,. Проектот има за цел да ги промени
ставовите и перцепциите кај младите за смислата на сексуалните односи, а со тоа
и да ги поттикне младите на грижа за сопствениот психосоцијален развој и
репродуктивно здравје.
Со овој проект Младински Совет Охрид ќе работи на
освестување намладите за грижа за сопственото репродуктивно здравје, за
емоционалното врзување со еден партнер, а исто така ќе ги едуцира како се
остваруваат здрави врски и односи и остварување на здраво семејство. Со овој
проект ќе се нагласи потребата индивидуата да биде прифатена и почитувана од
страна на партнерот како личност,а
некако сексуален објект, а исто така ќе се нагласи примарната функција на
органиите за репродукција како и на освестување на младите за развојот на
примарните и секундарните полови органи.
Проектот започнува со подготовка и спроведување на
масовно анкетирање помеѓу младите на возраст од 14 до 17 години, ученици во
осмите одделенија во основните училишта и прва и втора година во средните
училишта. Истражувањето ќе се спроведе со цел да се добие сознание за ставовите
на младите за значењето и смислата на сексуалните односи, за потребите на
младите за сексуални односи како и да се испита дали постои родова
стереотипност.
Непосредно со реализација на истражувањето се
подготвуваат брошура и флаери, кои ќе бидат дистрибуирани на
информативно-едукативните средби кои ќе се организираат во основните и средните
училишта во општина Охрид. Во рамките на овој проект предвидено е и оддржување
на средби за презентација на резултатите од истражувањето со претставници на
повеќе институции во општината кои се занимаваат со проблематиката која ја
третира овој проект.
Проектот финансиски е поддржам од Агенцијата за спорт и
млади на РМ а координатор е Елена Каневче - психолог во Младински Совет Охрид..