Руската неполитичка општествена организација ,,ГОЛОС,, (ГЛАС) е во посета
на Младински Совет Охрид.
17 претставници на оваа организација, која 9 години
ги набљудува изборите во Русија, престојуваат во Република Македонија со цел да
приберат искуства од работењето на неколкуте одбрани здруженија на граѓани, кои
според Националниот Демократски Институт, а во соработка со ГА МОСТ се пример
на добро работење во државава.
Деновиве претставниците на ,,ГОЛОС,, беа во работна посета на Младински
Совет Охрид, со цел да се запознаат со работата на здружението, и да извлечат
позитивни искуства кои во иднина ќе ги пренесат во своите организации.
Покрај
претставниците на ,,ГОЛОС,, во делегацијата беа и претставници на УСАИД и НДИ -
канцеарија во Русија, кои упатија отворена покана до МСО да добие ангажмани во
Русија и со тоа да помогне во подготовка на документи кои ќе ја креираат
младинската политика во оваа држава.
Оваа работна посета е искористена за
воспоставување на нови партнерства кои во иднина ќе помогнат во унапредувањето
на меѓународната соработка на МСО со сродни организации, како и во подобрување
на статусот на младите преку размена на искуства и можности кои ќе
произлегуваат од соработката.