Членовите на ликовното катче и на литературниот клуб, кои функционираат во
рамките на програмата за развој на креативноста кај младите, која Младински
Совет Охрид ја реализира втора година, имаа можност организирано да се
прошетаат низ стариот дел на градот и да ги посетат најзначајните културно
историски споменици, а своите импресии да ги забележат на хартија.
Тргнувајки од
канцеларијата на Младински Совет, па се до КАНЕО, младите креативци имаа
можност да го посетат Музејот на Робевци, спомен куќата на Христо Узунов,
црквите Св. Софија, Св. Богородица Перивлепта и Св. Климентовиот храм на
Плаошник, Античкиот театар како и населбата Канео.
Видно возбудени и инспирирани од она што го имаа видено во текот на
прошетката, членовите на литературниот клуб со нескриени емоции ги напишаа
своите најубави поетски и прозни творби, а членовите на ликовното катче преку
боите ја пренесоа атмосферата која ја забележаа во текот на денот.
Задоволни од се што се случуваше, децата, посакаа да има повеќе вакви
моменти. Младински Совет Охрид и овој пат ќе излезе во пресрет на желбите на
своите најмлади волонтери подготвувајки ја програмата ,,ЛЕТО 2009,,која ќе понуди нови, интересни и возбудливи
содржини.
Домаќин на настанот беше ЛЕТНА БАВЧА ,,КАНЕО,,. За освежувањето на децата
се погрижи донаторот ,,СЛАТКА КУЌА,,.