ДОНАТОРИ И ПРЕТСТАВНИЦИ НА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД САД ВО ПОСЕТА НА МЛАДИНСКИ СОВЕТ ОХРИД
Претставници на 6 невладини организации од различни градови од САД
престојуваа во Охрид во еднодневна студиска посета на Младински Совет Охрид.
На
средбата, која се одржа во канцеларијата на МСО беа разменети искуства од
работењето на организациите, а исто така поголем дел од времето гостите од САД
го искористија за разговори со менаџментот и персоналот на МСО.
Младински Совет
Охрид ја искористи оваа посета за презентација на активностите кои се
реализираат, но и за плановите кои треба да се реализираат во иднина.
Претставниците
на невладините организации го изразија големото задоволство од информациите кои
ги добија на оваа средба, и го покажаа интересот за продлабочување на
соработката.
Оваа посета е организирана од The Balcan Trust for Democracy, проект на German
Marshal Fund од САД.
Младински Совет Охрид со поддршка на The Balcan Trust for Democracy, проект
на German Marshal Fund од САД, го реализираше проектот за подготовка на Локални
Акциони Младински Планови.