Повеќе од 50 млади се пријавија на отворениот повик кој Младинки Совет
Охрид го објави по повод започнување на курсот по германски јазик.
После
одржувањето на првиот час, групата, со нескриено задоволство, ги прераскажуваше
импресиите и впечатоците од работата во групата.
Во текот на летото, младите, поделени во 3 групи, два пати неделно, ќе ги
изучуваат основите на германскиот јазик и ќе имаат можност, во согласност со
темата која ќе се изучува, да посетуваат најразлични локации каде ќе се
реализираат часовите.
Курсот по германски јазик го води Нилс Арбајтер, волонтер од Германија.