МЛАДИНСКИ СОВЕТ ОХРИД
ПРОГРАМА ЗА АНГАЖМАН НА МЛАДИТЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА - „МЛАДИ ВО АКЦИЈА“
WE MUST BECOME THE CHANGE THAT WE WANT TO SEE.
MAHATMA GANDHI
Во оваа програма младите ќе волонтираат за поддршка на ранливи групи во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо “ - Охрид. Младите со својот ангажман во заедницата ќе им помагаат на младите згрижени во болницата, организирајќи им го слободното време во собата за дневен престој (занимална), едукативно - креативни работилници , како и заеднички излети надвор од болницата.
Младите волонтери ќе поминуваат дел од своето слободно време со хоспитализираните врсници со цел да им го приближат секојдневниот живот на младите гледан од светлата страна, исполнет со разновидност и ведрина. Доколку сакаме животот да има смисла треба да придонесуваме за промената која сакаме да ја видиме.
Програмата опфаќа активности кои ќе се реализираат во текот на 2008 година, во рамките на болницата и надвор од неа:
1. Опремување на соба за дневен престој (занимална)
Во склоп на болницата комплетно ќе се опреми една соба која ќе служи за поминување на слободното време на хоспитализираните млади, со ентериерно уредување ,телевизор, ДВД и компјутер со интернет пристап.
2. Оплеменување на надворешниот простор помеѓу павиљоните
Во склоп на болницата ќе се оплемени надворешниот простор помеѓу павиљоните и тоа ќе се покрие со настрешница веќе постоечка конструкција и ќе се обојат нишалките во детскиот парк.
3. Едукативно- креативни работилници
Овие работилници ќе се одржуваат во собата за дневен престој , првата недела од месецот и на нив ќе учествуваат 15 млади со кои ќе работат 7 волонтери. Работилниците ќе бидат со различна тематика: комуникациски вештини, волонтерство, човекови права и демократија, животни вештини , изработка на накит, ликовно катче итн.
4. Активности надвор од болницата
Оваа активност е замислена да се реализира со група од 15 млади и 7 волонтери, во претпоследната недела од месецот надвор од болницата, во посета на културно - историски споменици и знаменитости на градот и блиската околина, верски објекти, посета на музеј, кино, театарска претстава, јавна институција, НВО, локална самоуправа итн.
5. Посета на дневниот центар
Оваа активност ќе се реализира во рамките на болницата во втората и последната недела од месецот, како дружење со младите прилагодено на нивните желби и потреби.
|
Активност
|
Временски период
|
Одговорно лице
|
Очекуван резултат
|
Ресурси
|
|
1.Опремување на соба за дневен престој
(занимална)
|
10-12.2007
|
Координатор + волонтер
|
Комлетно опремена соба ентериерно уредена со ТВ, ДВД, ПЦ + интернет
|
ТВ, ДВД, компјутер, интернет пристап, мебел, молеро-фарбарство
|
|
2.Оплеменување на
надворешниот простор помеѓу павиљоните
|
10-12.2007
|
Координатор + волонтер
|
поставен покрив на конструкцијата и обоени нишалките во детскиот парк
|
административни трошоци, хонорари,градеж-ни материјали, бои, четки, патни трошоци
|
|
3.Едукативно- креативни работилници
|
01 - 12. 2008
|
Координатор + волонтер
|
Реализирани 12 работилници, опфатени 180 млади, стекнување на знаења и вештини и изработка на креативни предмети.
|
административни трошоци, хонорари, ручек и освежување,мате-рјали, патни трошоци
|
|
4. Активности надвор од болницата
|
01 - 12. 2008
|
Координатор + волонтер
|
Реализирани 12 излети,збогатени знаења и поголема информираност за јаниот живот.
|
административни трошоци, хонорари, ручек и освежување,матерјали, патни трошоци
|
|
5. Посета на дневниот центар
|
01 - 12. 2008
|
Координатор + волонтер
|
Реализирани 24 посети, зголемена социјализација на младите
|
административни трошоци, хонорари,патни трошоци
|