Популарната игра граничар, која го освојува светот, деновиве е актуелна и
меѓу младите охриѓани.
Младински Совет Охрид, пратејки ги светските младински трендови, деновиве
организираше турнир во оваа се по пуларна игра, на кој учество зедоа екипи на
ОУ Братство-Единство - Лескајца, Живко Чинго - Велгошти, Ванчо Николески - с.
Лескоец, Григор Прличев и Кочо Рацин.
Турнирот се оддржа во спортската сала на ОУ Братство Единство, Лескајца и
помина во пријатна и релаксирана атмосфера. Екипите кои беа составени од 3
машки и 3 женски членови, предходно беа едуцирани за правилата на оваа игра,
како и за начинот на кој се изведува играта.
Според бројот на одиграни натпревари и освоени поени, најдобра беше екипата
на ОУ Кочо Рацин, но иако првиот турнир имаше рекреативен карактер, без
доделување на награди, учесниците задоволни од она што МСО им гопонуди обеќаа
дека со нетрпение ќе го чекаат следниот турнир во ГРАНИЧАР.
Младински Совет Охрид, и овој пат, за секој учесник, обезбеди освежување
прекудонаторите СЛАТКА КУЌА и ДОБРА
ВОДА .