Во рамките на активностите на ,,КЛУБОТ НА ПРИЈАТЕЛИ НА МЛАДИТЕ,, Младински
Совет Охрид, организираше доручек со донаторите кои се членови на клубот.
Доручекот беше организиран во хотелот Милениум Палас и на него присуствуваа дел
од донаторите кои се членови на КЛУБОТ НА ПРИЈАТЕЛИ НА МЛАДИТЕ, како и
програмските координатори во Младински Совет Охрид.
На доручекот тимот на
Младински Совет ја презентираше идејата за функционирање на овој клуб, какои
резултатите кои се постигнати со реализацијата наМЛАДИНСКИТЕ ПРОГРАМИ. Донаторите, членови на
клубот со нескриено задоволство ја поздравија идејата за постоење на еден ваков
клуб, кој ќе дава подршка на младинските програми, а за тоа и поддршка на
младите во општина Охрид.
,,Пријателите на младите,, ја поздравија и оваа форма
на организирање, затоа што и за нив ова е нов начин на комуникација, можност за
запознавање на донаторите меѓу себе, но и добра прилика да се разменат идеи, да
се споделат мисења и да се дадат предлози за поуспечна реализација на
програмските активности.
КЛУБОТ НА ПРИЈАТЕЛИ НА МЛАДИТЕе
промовиран пред повеќе од една година, а овој доручек е почеток на неговото
практично функционирање, затоа што се воспоставија одредени насоки за работа и
заедничко делување.
ДОРУЧЕКОТ СО ДОНАТОРИ е дел од проектот,,КЛУБ НА ПРИЈАТЕЛИ НА МЛАДИТЕ,, кој Младински Совет Охрид го реализира
со поддршка од ,,КОНЕКТ,,во рамките на
програмата за развој на филантропија.