Клубот на пријатели на младите е клуб со ексклузивен карактер кој на
најголемите донатори на младинските програми им нуди можност за нивно членување
во истиот како и можност за давање на допринос во реализацијата на постоечките
но и за креирање на нови програми во кои ќе се вклучуваат младите во Охрид.
Клубот има хиерархиска поставеност, затоа што има различни нивоа на
ексклузивитет, како и стимулации за придвижување нагоре, во однос на нивоата. Функционирањето
на клубот е од заенма корист за Младински Совет Охрид, донаторите-членови на
клубот и младите како корисници на услугите, односно на програмските
активности.
Заштитниот знак на клубот е стилизиран ГАЛЕБ во две нијанси на сина боја,
па од тука и нивоата во клубот се именувани според заштитниот знак.