Мени
Почетна
За Нас
Програми
Новости
Галерија
Донатори
Линкови
Контакт
Login





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Присутни
Имаме 2 гости на оваа страница
RSS Линкови
Преземете RSS:
Статистика

 

 

English
About Us
Пребарување
Анкета
Кој е најголемиот проблем на младите?
 
Последни коментари
Rale
Pozdrav iz Slovakie za ceo Ohrid a najvise za Dimcheta 8)
ИЛЧЕ
НАВИСТИНА СТЕ СИЛА толку многу различни активности секој да ви по
Darko
Super svezi informacii na sajtov, interesno ima sto da se procita
petar
Еве конечно и јас да дам едно коментарче, одлично е сајтчево пред

 

 

Спорт за сите - здравје за сите
 
 
МЛАДИНСКИ СОВЕТ ОХРИД

ПРОГРАМА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА   “СПОРТ ЗА СИТЕ - ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ”



ВО ЗДРАВО ТЕЛО -  ЗДРАВ  ДУХ


    Програмата за спорт и рекреација ќе го опфати рекреативниот спорт кој ќе има за цел да пропагира и промовира разновидни спортско -  рекреативни содржини кои се наменети за деца и млади. Посебно внимание ќе биде посветено на масовниот спорт со вежби и активности од забавен карактер. Програмата има за цел сé она што е од заеднички интерес во сегменти на рекреативниот спорт, да го обедини, координира и по можност да го усоврши, односно да го постави на повисоко ниво.

    Младите своето слободно време ќе го искористат во реализација на спортски активности, при што ќе ги развиваат позитивните вредности на спортот кои подоцна  ќе ги негуваат како животни вредности.

    Програмата за спорт и рекреација ќе се реализира во партнерство со Планинарското друштво ,,Магаро,, и Црвениот крст од Охрид.  Ова партнерство е предвидено поради спецификите на дел од активностите кои се предвидени да се реализираат на планина, а дел ќе имаат хуманитарен карактер. Оваа програма ќе има за цел да го промовира и поттикнува масовното вклучување на младите, но и да го подигнува натпреварувачкиот дух, со организирање на разни турнири. Програмата “Спорт за сите-здравје за сите” ќе ги опфати следните категории:

    1. Друштвени игри


    Во оваа активност опфаќа турнири во друштвени игри (шах, табла, домино не лути се човеку). Предвидено е одржување на два турнири во текот на 2008 година и тоа во зимскиот период, на кои младите ќе можат да се пријавуваат поединечно и екипно. Овие туринири ќе се одржуваат во просториите на основните училишта, во зависност со кое училиште ќе се постигне договор за соработка. На овие турнири предвидено да учествуваат по 50 млади, кои уредно ќе бидат пријавени за учество и кои ќе покажат подготвеност за дружење и понатамошно вклучување во преостанатите активности на Младинскиот Совет.

    2. Планинарски излети


    Како што беше погореспоменато, планинарските излети ќе се реалилизрат во соработка со планинарското друштво “Магаро” и Црвениот крст од Охрид. Ќе бидат организирани 3 излети на кои предвидуваме учество да земат 150 млади од општина Охрид. За учесниците на излетите предвидено е да се одржат предавања од страна на членовите на планинарското друштво “Магаро” и од единицата за движење низ непристапни терени. На овие предавања ќе бидат презентирани основните информации и техники за движење низ планина, а исто така ќе бидат давани практични совети. Планинарските излети ќе се одржат во пролетниот период со група млади на различни локации во околината на Охрид ( Велестово, Велгошти, Магаро) со можност за посета на атрактивни места. Дел од учесниците кои ќе покажат интерес и желба за понатамошно занимавање со планинарење ќе бидат дел од експедицијата која традиционално се искачува на Кораб, а исто така ќе може да се вклучат во активностите на планинарското друштво “Магаро”.

    3. Летни игри без граници

    Оваа активност ќе се одржи на градскиот базен во Охрид, на спортско- рекреативниот центар “Билјанини извори”, доколку за тоа постојат услови, а доколку не во договор со некој од сопствениците на охридските плажи, овие игри ќе се организираат во водите на Охридското Езеро, на плажата со чиј сопственик ќе се направи договор. На овие игри ќе земат учество 10 екипи со по 10 членови, кои ќе се натпреваруваат во спортски и забавни игри на вода. Игрите без граници ќе имаат натпреварувачки карактер со цел да се подигне натреварувачкиот дух кај младите. На местото на одржување на игрите без граници ќе се постават информативни штандови со едукативни материјали наменети за младата популација.

    4. Велосипедски кросеви

    Оваа активност ќе има рекреативен карактер и предвидено е по еден крос да се одржи во есен и еден во пролет. Едниот крос предвидено е да се одвива на релацијата Охрид - Св.Стефан со учество на 100 млади по повод Меѓународниот ден без автомобили (22.09). Учесниците на овој крос покрај со велосипеди ќе можат да се возат  и на ролер и тротинети. Пролетниот крос ќе се одвива на релација Охрид-Струга, а предвидено е да има 50 учесници. Овој крос е планирано да се одржи по повод денот на здравјето 7 април, а може да се реализира и во прославување на доаѓањето на пролетта или пак денот на екологијата, во зависност од временските услови.

    5. Турнири во кошарка и ракомет

    Турнирите во кошарка и ракомет предвидено е да се организираат во соработка со средните училишта во општина Охрид. Предвидено е да се организира по еден турнир во ракомет и еден турнир во кошарка. Турнирите би се организирале посебно за машки, а посебно за женски екипи. За успешно организирање на турнирите во соработка со средните училишта ќе се направат по 4 екипи за ракомет и кошарка од по 7, односно 9 ученици и ученички. Вкупната бројка на ученици кои би зеле учество на овие турнири изнесува околу 150, со тоа што секоја екипа покрај играчите ќе има и свои навивачи. Целта на овие турнири е младите да се самоорганизираат и да покажат интерес за овие две спортски дисциплини, и да покажат подготвеност да се борат за победа, со што ќе се поткрене натпреварувачкиот дух, а овие турнири ќе добијат натпреварувачки карактер. Како судии ќе се направат обиди да се вклучат професорите по физичко воспитување. Овие турнири ќе се организираат во салите во средните училишта, каде што за тоа ќе има услови. Доколку се обезбедат услови, финалето на овие турнири ќе се организира во спортската сала “Билјанини извори”, заради добивање публицитет и поголемо значење. За победничките екипи ќе се направи обид да се организира и по еден натпревар со професионална екипа. Турнирите ќе се организираат во зима, доколку има услови за греење на салата, односно на пролет, кога игрите можат да се реализираат и на отворено.
 

Додаток А: Акционен план на активности

 

Активност

Временски период

Одговорно лице

Очекуван резултат

Ресурси

Трошоци

1.Друштвени игри

01-03. 2008

Координатор + волонтер

  •   два турнири
  • 100 учесници
  • натпреварувачка атмосфера
  • дружење
  • забава
  • администрација
  • хонорари
  • освежување
  • реквизити
  • награди

 

2.Планинарски излети

 

03-05. 2008

Координатор + волонтер

  • три излети
  • 150 учесници
  • рекреација

 

  • администрација
  • хонорари
  • освежување

 

3. Летни игри без граници

 

 

 

06-08. 2008

Координатор + волонтер

  • пријавени 10 екипи
  • 100 млади
  • дружење
  • забава
  •  натпреварувачкаатмосфера

 

 

  • администрација
  • хонорари
  • реквизити
  • награди
  • патни т-ци
  • промоција

4.Велосипедски кросеви

 

09.2008

04-06.2008

 

Координатор + волонтер

  • 150 учесници
  • дружење
  • забава
  • рекреација

 

  • администрација
  • хонорари
  • освежување
  • промоција
  • маици/капи

 

5. Турнири во ракомет и кошарка

 

03-05.2008

10-11.2008

Координатор

+ волонтер

  • 2 турнири
  • 8 екипи
  • 150 учесници
  • натпреварувачка атмосфера
  • забава
  • администрација
  • хонорари
  • освежување
  • промоција
  • дресови
  • топки
  • пехари
  • дипломи
  • награди
 
 
Следно >
www.mladinskisovetohrid.org.mk