Членовите на клубот на пријатели на младите се среќаваат 4 пати годишно, а
по потреба и повеќе.
Средбите се организираат со цел да се разгледува
функционирањето и напредокот на програмските активности, се разменуваат мислења
за прашања актуелни за развојот на младите, а исто така се отвараат дискусии за
развој на постоечките, но и за креирање на нови програми во области за кои се
заинтересирани членовите на клубот.
Членовите на клубот на пријатели на младите помагаат во организирање на
донаторски настани на кои се прибираат дополнителни средства за реализација на
програмите, први ги разгледуваат резултатите од програмите и идеите за нови
активности, а имаат и можност да бидат ексклузивни донатори.