ОБУКА ЗА МЛАДИНСКА ПАРТИЦИПАЦИЈА И МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА, ЛОБИРАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ
Младински Совет Охрид во рамките на проектот за зајакнување на капацитетите
на младите во општина Охрид ја реализираше дводневната обука за младинско
учество, лобирање и застапување.
Координаторот на проектот Катерина Каневчев, ја
презентираше Европската Повелба за учество на младите луѓе во локалниот и
регионалниот живот, потенцирајки ја улогата на младите во локалниот живот, а
Димче Каневче зборуваше за организирањето на младитеи користа од младинското организирање,
заедничките цели од учеството и информирањето на младите луѓе, застапувањето и
лобирањето, како и за комуникацијата со јавноста, техники на комуникација,
испраќање на пораки и реализирање на јавни кампањи.
На обуката учество зедоја претставници на политичките подмладоци на
ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-НП, Здружението на египќаните, АИЕСЕК-Охрид и Младински Совет
Охрид.
На обуката се дискутираше и за формирање на координативно тело од кое ќе
произлезе Советот на млади за Охрид, кој ќе дава поддршка на младите и
Локалната Самоуправа на општина Охрид.
Проектот се реализира во партнерство со коалицијата на младински
организации СЕГА, а финансиски е поддржан од Владата на Република Македонија.