Младински Совет Охрид за своите волонтери, но и за сите заинтересирани деца
и млади, викендов, организираше турнир во друштвени игри, спортски риболов и
велосипедски крос и часови по стрелаштво.
Во рамките на турнирот во друштвени игри се реализираа натпревари во шах,
твостер, ,,не лути се човече,, , пинг понг и бадминтон. Турнирот се реализираше
во основните училишта Св. Климент Охридски и Братство-Единство, истиот имаше
рекреативен карактер, а Младински Совет Охрид за најдобрите обезбеди симболични
награди. На турнирот учество зедоа над 50 млади.
Повеќе од 20 ,,рибари,, зедоа учество на првиот натпревар во спортски
рибилов, кој Младински Совет Охрид во соработка со Спортското риболовно друштво
Св. Апостол Петар од Охрид го организираше во каналот Студенчишта овој викенд.
Дружејки се и забавувајки се, ловејки риба, младите од Охрид поминаа неколку
часа во рекасирана атмосфера, за на крајот сепак да бидат прогласени најдобрите
и да добијат скромни награди од организаторите, и ветување дека ова дружење ќе
прерасне во традиција.
Над 50 учесници на велосипедскиот крос ,,Охрид-Долно Лакочереј-Охрид,, имаа
несекојдневна прилика да спортуваат, да се дружат и да се забавуваат. Овој крос
кој Младински Совет Охрид го организира по втор пат, привлече голем интерес кај
младите кои и овој пат во голем број зедоа активно учество во содржините кои им
беа понудени од стана на Младински Совет Охрид.
За прв пат, 15 волонтери на Младински Совет Охрид, имаа прилика да се
запознаат со основите техники на стрелаштвото, присуствувајки на часот по
стрелаштво, кој се оддржа на стрелиштето Бејбунар од страна на Валентина
Гоџоска од Стрелачкиот клуб ,,ОХРИД,,. Младите имаа можност и практично да го
пробаат тоа што им беше презентирано на часот, а ја искажаа и желбата за
повторна средба и дружење со членовите на овој клуб.
Спортскиот викенд беше реализиран како дел од програмата за развој на
рекреативниот спорт ,,СПОРТ ЗА СИТЕ - ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ,,. За сите учесници од
донаторите на програмата беа обезбедени сендвичи, минерална вода, сокчиња и
десерт. Спортската програма е поддржана од ХОТЕЛОТ ,,МИЛЕНИУМ ПАЛАС,, ,,ДОБРА
ВОДА,, и ,,SWISSLION-АГРОПЛОД,,.