ПРОГРАМАТА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТУТУН АЛКОХОЛ И ДРОГА ПРОДОЛЖУВА СО СРЕДБИ СО РОДИТЕЛИ...
Програмата за превенција од психоактивни супстанци тутун, алкохол и дрога
навлегува во втората фаза од реализацијата. Во оваа фаза ќе бидат реализирани
15 средби со родителите на децата кои беа вклучени во едукативните работилни
кои се реализираа во периодот март-мај годинава.
Средбите со родителите се реализираат во хотел Дончо, каде во релаксирана
атмосвера, тимот на Младински Совет Охрид пред родителите ги изнесува
информациите, сознанијата и забелешките кои се воочени во текот на
реализацијата на едукативните училишта во основните училишта во кои се
реализира програмата.
На досегашните две реализирани средби со родители од основните училишта Св.
Климент Охридски и Братство Единство, програмата за превенција ја доби
поддршката и довербата, добиени се и првите препораки и забелешки, што
претставува дополнителен мотив за поинтензивно водење на кампањата за
превенција на младите од пороците со кои секојдневно се среќават.
Во првата фаза од реализацијата на програмата, реализирани се 32
работилници во основните училишта Св. Климент Охридски, Братство Единство
Лескајца и Крст Џамија, Христо Узунов во
Охрид и Св. Наум Охридски во Пештани, Живко Чинго во Велгошти и Ванчо Николески
во Лескоец, при што се опфатени 390 ученицибеа вклучени во трите циклуси од
реализацијата на програмата и 35 наставници. Првата фаза од реализацијата на
програмата за превенција од психоактивни супстанци се заокружи со организирање
на специјален промотивен настан на градскиот плоштад на 31 мај со што и
симболично се одбележа светскиот ден против пушењето.
Програмата за превенција се реализира со поддршка на ПРОАКВА - ВОДОВОД
Охрид.