МЛАДИНСКИ СОВЕТ ОХРИД ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
Младински Совет Охрид, како член на коалицијата
на младински организации СЕГА запончнува да го имплементира проектот ,,
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,,.
Целта на
проектот е да се добие реална слика за имплементацијата на Конвенцијата за
правата на детето во областите партиципација, образование легислатива/правна
рамка и слобода на изразување на децата. Главните активности преку кои ќе се
реализира проектот се: спроведување на истражувања, анализа на податоците кои
ќе се добијат од спроведеното анкетирање, како и подготовка на алтернативен
извештај со формулирани препораки и нивна презентација пред Комитетот за
правата на Децата на ОН, во Женева во 2010 година.
Проектот се реализира во 14 градови во Република
Македонија, а Младински Совет Охрид, предвидените активности ќе ги реализира во
општините Охрид, Струга и Ресен. Во истражувањето вклучени се Кирил Каневче,
Џана Буш и Драган Петрески кои ќе анкетираат 140 ученици на возраст од 13 до 17
години од различна националност, како и мапирачите Јане Малинковски, Наташа
Џајковска, Билјана Митревска, Илче Каневче и Соња Фузевска, кои ќе извршат
мапирање на локалните институции кои се вклучени во решавање на проблемите на
децата. Преку организирање на фокус групи, активно ќе бидат вклучени и родители
кои ќе дадат свое мислење околу имплементацијата на Конвенцијата.
Проектот
ќе се реализира до крајот на 2009 година, а финансиски е поддржан од
фондацијата ,,Песталоци.,,.