МЛАДИНСКИ СОВЕТ ГИ ЗАЈАКНУВА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИТЕ ВО ОХРИД
Со организирање на информативни работилници за
младите на возраст од 15 до 18 години на кои се врши презентација на Европската
Повелба за учество на младите луѓе во локален и регионален живот, како и со
организирање на семинари за претставници на здруженија на граѓани, политички
подмладоци, средношколски и студентски организации на кои се едуцираат за
младинско учество и младинска политика, лобирање и застапување за младински
проблеми, Младински Совет Охрид ги зајакнува капацитетите на младите во
општината. Капацитетите на младите луѓе во Охрид во МСО ги зајакнуваат и со
организирање на обуки за полесен пристап до вработување, на кои
заинтересираните се обучуваат да изработат CV и мотивациони писмо , а исто така
се подготвуваат за интервју за работа и јавување на оглас за работа.
Младите, претставници на различни организации, ќе
формираат координативно тело кое ќе работи на иницирање на решавање на
проблемите и потребите на младите, како и формирање на младинско консултативно
тело кое ќе брои 7 членови.
Младински Совет Охрид започнува да функционира
како МЛАДИНСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР во кој младите имаат можност да добијат но и
да споделат имформации од областа на спортот, културата, уметноста, вработубањето,
претприемништвото, превенцијата и здравствена заштита и сл.
Проектот
се реализира во партнерство со коалицијата на младински организации СЕГА, а
финансиски е поддржан од Владата на Република Македонија.