Здружението КОНЕКТ, Европскиот центар за непрофитно право и Младински совет Охрид, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, оргианизираа јавна расправа/работилница за Стратегија за волонтерство.
На јавната расправа присуствуваа над 50 претставници на организации и институции од областа на здраството, културата, образованието, локалната самоуправа, агенцијата за вработување, центарот за социјални раобти, секторот за превенција при МВР СВР Охрид, политички парти, здруженија на граѓани, како и дел од Советниците од новиот состав на Охридскиот Совет, кои со свои предлоци, сигестии, забелешки и прашања дадоа допринос во подготовката на Стрратегијата за волонтерство.
Јавната расправа се организираше со цел да се разгледа Стратегијата за волонтерство која треба да се донесе како резултат на неодамна донесениот Закон за волонтерство и која треба да придонесе за систематски и одржлив развој на волонтерството во Република Македонија.
На јавната расправа говореа Никица Кускникова од ,,КОНЕКТ,, - Скопје, Мирјанка Алексевска од Министерство за труд и социјална политика, Дејан Иваковски од МТС СП-одделение за азил, мигразии и хуманитарна помош и Димче Каневче од Младински Совет Охрид.
Јавната расправа се одржа на 24 април 2009 година, во хотел Милениум Палас во Охрид.