|
Врз основа на член 5, 20 и 76 од Законот на граѓани и фондации (Службен весник на Република Македонија, бр. 31 од 02. 07. 1998 година) и член 3 (од Статутот на Здружението на МСО), Извршниот Одбор на Здружението МСО од Охрид, на седницата одржана на 29. 09. 2006 година, донесе :
С Т А Т У Т
На Младински Совет на Охрид
ОПШТИ ОДРЕДБИ
член 1
Младински Совет на Охрид (во понатамошниот текст МСО) е здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и заради вршење на разни дејности и активности.
член 2
Граѓаните се здружуваат во Здружението на граѓани-МСО, заради остварување на поширок општествен интерес, преку што се задоволуваат потребите од стручна и друга помош.
член 3
МСО, како здружение на граѓани, своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите уредени со Уставот на Република Македонија, со овој Статут, како и со Статути на други организации или коалиции кои ќе преставуваат национално тело кое ќе работи на полето на младите (во случај на членство во некој сојуз или коалиција), како и со други законски норми кои регулираат материја од оваа област.
член 4
Називот на здружението на граѓани е Младински Совет на Охрид (во понатамошниот текст МСО).
член 5
Седиштето на МСО е во Охрид ул. Кочо Рацин бр. 39 6000 Охрид, Република Македонија, а за своите потреби при работењето ќе се изнајмуваат канцеларии се до моментот на обезбедување на сопствен простор.
МСО се организира и делува на подрачјето на Општина Охрид, а по потреба и на целата територија на Р.Македонија
член 6
МСО од Охрид е правно лице.
МСО од Охрид има свој печат и штембил.
Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението: Младински Совет на Охрид, а во средината е напишано со големи букви МСО. На долната страна има звездичка.
Штембилот на МСО е правоаголен со следниот текст: МСО од Охрид, број, дата и место.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО И НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОСТВАРУВАЊЕ
член 7
Граѓаните се здружени во МСО заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи се:
-
афирмација и активирање на младата популација кон промовирање на нивниот интерес;
-
иницирање на младинската партиципација во сите свери на човековото живеење;
-
застапување и заштитување на правата на младите воопшто, без оглед на нивната верска, национална, полова, сексуална или било која припадност;
-
промоција на демократијата и човековите права;
-
превентивно дејствување за спречување на девијантните појави во општеството како и од зависничките болести;
-
активна работа на полето на екологијата и заштита на животната средина;
-
промовирање на Република Македонија надвор од границите и интегрирање во европските и светските асоцијации;
ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО
член 8
Член во МСО, може да биде секој граганин-државјанин на Република Македонија (може да членуваат и странци, ако тоа го предвиди статутот или ако за тоа се донесе Одлука), кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава (при тоа основачите мора да се полнолетни, но членството не мора).
Член на МСО може да биде и секое здружение на граѓани кое ги прифаќа Статутот, програмата и активностите на МСО, или пак кое сака да ја помага работата на МСО за остварување на целите.
Зачленувањето во Здружението се врши со пристапница.
МСО за своите членови води регистер на членството, кој се ажурира еднаш годишно, а сите членови плаќаат членарина.
член 9
Членот има право да биде биран во органите на МСО, да учествува во работата на МСО и да допринесува во развојот и популарноста на МСО.
Секој член може доброволно да истапи од здружението.
член 10
Исклучувањето и престанокот на членството во здружението настанува:
-
по сопствено барање на членот;
-
со исклучување на членот заради негово дејствување во спротивност со целите на здружението;
За отстранувањето/исклучувањето на членот одлука носи собранието или извршниот орган.
член 11
Обврски на членовите во Здружението се:
-
редовно да ја плаќаат чланарината;
-
да присуствуваат на состаноците;
-
да земаат конкретно учество во спроведувањето на Програмата и на активностите .
ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
член 12
МСО го претставува и застапува Претседателот.
Претседателот на Здружението го избира Собранието, на период од една година, со право на реизбор.претседателот на Здружението во исто време е и Претседателна Собранието.
ОСТВАРУВАЊЕ НА ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА
член 13
Работата на МСО е јавна.
Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на: членовите, други здруженија/НВО, или пошироката јавност, за работењето и активностите на здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално - финансиското работење и друго.
За информирањето на членовите и пошироката јавност се користи печатот, радиото, телевизијата и интернетот.
ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
член 14
МСО остварува средства од:
-
чланарина;
-
донации;
-
спонзорства;
-
буџет на Локалната самоуправа или од Владата на РМ;
-
провизии од органи, организации, заедници и од други услуги;
-
од ,,бизнис секторот,,;
-
и од други услуги (имотни права и сл).
член 15
Користењето и располагањето со средствата на МСО добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми.
член 16
За користењето и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежностите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целесообразно користење на средствата и за спречување и отстранување на незаконитостите.
член 17
МСО донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението.
Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 14 од Статутот, како и расходите за општествената активност, плати на вработените, ако е тоа регулирано по некаков основ, заедничка потрошувачка на вработените, материјални трошоци за работата на Здружението, и други расходи сврзани со работата.
УПРАВУВАЊЕ СО МСО
член 18
Со МСО управува организирано членство на Здружението непосредно или преку свои претставници во органите.
Права и должности на претставникот се:
-
претставникот да избира и да биде биран во органите на Здружението;
-
претставникот да предлага решавање на прашања од заеднички интерес;
-
да работи на развивање и унапредување на општествените и другите активности кои произлегуваат од Статутот, програмските цели и задачи и од усвоените одлуки и заклучоци ;
-
да ги спроведува во целост одредбите од Статутот и програмските активности;
-
да ги застапува интересите и ставовите на Здружението;
-
да бара стручна и друга помош од области кои произлегуваат од целите и задачите на МСО.
ОРГАНИ НА МСО ОД ОХРИД
член 19
Органи на МСО се:
1.Собрание;
2.Извршен одбор;
3.Претседател;
4.Генерален секретар.
член 20
Собранието на МСО сите активни ленови на Здружението, мандатот на претставниците трае 1 година.
Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.
член 21
Седници на Собрание свикува Претседателот на Собранието.
Седница на Собранието се свикува и по предлог на Извршниот одбор на Здружението или на 1/5 од вкупниот број членови на Собранието.
Ако Претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот не дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите.
Седница на Собранието за работа на Извршниот одбор може да се свика и по предлог на надзорната комисија.
Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието.
член 22
Собранието на МСО од редовите на своите претставници избира Извршен одбор кој е извршен орган на Собранието,на редовни и вонредни собранија.
член 23
Собранието полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број претставници.
Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните претставници.
Во надлежност на Собранието е следното:
-
го донесува Статутот на МСО и врши измени и дополнувања на истиот;
-
избира и разрешува членови на Извршниот одбор (и на други органи кои здружението смета дека треба да формира);
-
избира и разрешува членови на Надзорен орган;
-
усвојува програмска ориентација за работа на Здружението за период од 3 години, операционизирано во Стратешки планови, програми и акциони планови
-
го разгледува и усвојува извештајот за работа на Извршниот одбор помеѓу две собранија;
-
ја следи материјално-финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;
-
донесува финансиски план и усвојува завршна пресметка на Здружението;
-
расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението;
-
донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението;
-
решава за формирање на ограноци на Здружението;
-
врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и Законите.
член 24
Извршениот одбор на МСО е извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Здружението во согласност со Статутот.
член 25
Извршниот одбор на МСО брои 5 членови;
(Претседателот на Здружението присуствува на состаноците на Извршниот одбор но нема право на глас).
Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 2 години;
Извршниот одбор од своите редови избира Претседател со мандат од 1 година;
Извршниот одбор, работи и донесува Одлуки, ако во работата учествуваат повеќе од половина од членовите на одборот, со мнозинство на гласови од присутните;
член 26
Во надлежност на Извршниот одбор е следното:
-
ги спроведува статутарните и програмските задачи на МСО, како и одлуките и заклучоците на Собранието;
-
донесува и реализира годишна програма за работа;
-
предлага измени и дополнување на Статутот;
-
донесува соодветни правилници,прифаќа спогодби и склучува договори;
-
свикува седници на Собранието и припрема материјали;
-
именува и разрешува Секретар на Здружението;
-
донесува одлуки за формирање на постојни комисии, и ја насочува нивната работа;
-
организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации;
-
донесува Одлуки за награди, пофалници и признанија;
-
донесува Одлуки за набавка и оттуѓување на основните средства;
-
дава согласност на Правилникот за организација на работите и работните задачи на стручната служба на МСО;
-
донесува Одлуки по приговори и жалби; Извршува и спроведува Одлуки и препораки донесени на Собранието;
- доколку има можност, вработува и ја надгледува работата на вработените во организацијата;
-
врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од Законот;
-
донесува и извршува програма за меѓународна соработка и донесува одлуки за инкорпорација на соработката со разни организации од странство;
-
Извршниот одбор се состанува еднаш месечно, а ако се јави потреба состаноци се закажуваат согласно на потребата.
член 27
Извршниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на Здружението.
Извршниот одбор се состанува и одржува седници по потреба.
Седницата на Извршниот одбор ја свикува Претседателот.
Предлог за свикување на Извршниот одбор може да поднесе една половина од Извршниот одбор, една третина од претставниците во Собранието, по предлог на надзорниот одбор и секретарот на Здружението.
Со седницата раководи и претседава Претседателот, а во негово отсуство член кој ќе го избере Извршниот одбор.
Начинот на свикување на седницата и работењето на Извршниот одбор се уредува со деловник за работа.
член 28
Заради извршување на статутарните и програмски задачи и одлуки на Собранието и Извршниот одбор, Извршниот одбор формира надзорна комисија и други работни тела.
Надзорната комисија врши контрола над спроведувањето на одредбите на овој Статут и контрола за наменско располагање со средствата и приходите на МСО. Надзорната комисија се состои од три членови, кои не мора да се и членови на Здружението.
Своите наоди и одлуки Надзорната комисија го доставува до Собранието и Извршниот одбор на МСО од Охрид.
СТРУЧНА СЛУЖБА НА МСО
член 29
За извршување на административно - стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на МСО, се формира Стручна служба.
член 30
Правата и обврските и одговорностите за работа на вработените во Стручната служба ги утврдува секретарот на МСО во согласност со законските норми и Статутот.
член 31
Средствата за работа на стручната служба се определуваат со Финансиски план секоја година и тоа: средства за плати, средства за заедничка потрошувачка, средства за материјални трошоци, средства за посебна намена за нормално извршување на функцијата.
член 32
Со стручната служба на МСО раководи генерален секретар.
Секретарот го именува и разрешува Извршниот одбор согласно условите кои се утврдени со посебна одлука.
Секретарот на стручната служба во исто време е и секретар на МСО.
Секретарот правото од работен однос, ако за тоа има услови, го остварува во МСО, во Стручната служба, а за извршувањето на својата работа одговорен е пред Извршниот одбор.
член 33
Права, обврски и надлежност на секретарот:
-
секретарот на стучната служба раководи со работата на стручната служба;
-
секретарот е работодавен орган и ги извршува сите права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи;
-
секретарот е наредбодател и потписник на сметката на Здружението;
-
секретарот е одговорен за извршувањето на Финансискиот план и Програмата за работа;
-
се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Извршниот одбор;
-
во правниот промет презема мерки и дејствија во име и за сметка на МСО.
-
се грижи за правилната примена на Законските прописи од областа на дејностите што ги врши Здружението;
-
склучува договори, спогодби во име и за сметка на МСО.
ПРЕСТАНОК НА РАБОТАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО
член 34
МСО ќе престане со работа ако:
-
за тоа одлучат членовите на Здружението;
-
ако бројот на членовите се намали под бројот определен за основање;
-
ако настапат причини утврдени во член 52 од Законот здруженија на граѓани.
Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство.
член 35
По престанокот на работата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на хуманитарни организации, или пак се распределува на основачите.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 36
Право на толкување на одредбите на овој Статут има Собранието на МСО, а помеѓу две собранија, Извршниот одбор на Здружението.
Младински Совет на Охрид
Димче Каневче
Претседател
|