По повод Велигденските празници, волонтерите на Младински Совет Охрид организираа Велигденски хепенинг на градскиот плоштад.
На неколку штантови беа изложени производи изработени од волонтерите на МСО, кои се продаваа по симолична цена, со цел да се приберат сретствата за реализација на дел од програмата за развој на кративноста кај младите.
Производите со велигденска содржина, накитот и фотографиите изработени на креативните работници и збрката со детски празни и поетски творби издадени од Младински Совет Охрид го привлекоа вниманието на граѓаните но и домашните и странските туристи кои го посетија Охрид за време на празниците.
Волонтери на Младински Совет Охрид беа распоредени и во поголеми маркети каде промовирајки ги младинските програми ги мотивираа граѓаните да донираат во донаторски кесички посветени во маркетите.