|
Младински Совет Охрид успешно ја реализира програмата за превенција од психоактивни супстанци – тутун, дрога и алкохол. Оваа програма започна да се реализира на почетокот на 2009 година со подготовка на едукативно-промотивни материјали и припрема на програмата за превенција.
Од едукативните материјали испечатени се три броширки-поедна за тутун, алкохол и дрога, а од промотивните материали испечатени се 4 дописни картички на кои се испишани пораки кои укажуваат на здрав живот и живот без пороци, а исто така и маици и капчина со мотото на кампањата и логоата на Младински Совет Охрид и Проаква-Водовод Охрид.
Во подготвителниот период реализирани се два еднодневни семинари на кои учествуваа 16 ученици на кои им е извршена едукација за едукатори и истите се вклучени во реализација на работилниците кои се дел од оваа кампања. Во рамки на оваа кампања се организираа 29 едукативни работилници и до сега опфатени се 719 ученици од осмите одделенија во основните улилишта Св. Климент Охридски, Христо Узунов, Братство Единство, Живко Чинго од Велгошти, Ванчо Николески од Лескоец и Св. Наум Охридски од Пештани.
Во оваа фаза од реализација на проектот одржани се работилниците за тутун и алкохол, од во месец мај ќе се реализираше и хепенинг на градскиот плоштад на кој голем број волонтери на Младински Совет Охрид ја промовираа кампањата делејки ги промотивните материјали и доближувајки им ја кампањата поблиску на граѓаните на Охрид, а посебно на младите.
Кампањата за превенција од психоактивни супстанци се реализира под мотото ,,МЛАДИНАТА ТЕРА НОВА ШЕМА-ТУТУН; АЛКОХОЛ, ДРОГА ПОВЕЌЕ НЕМА,,Донатор на програмските активности е ПРОАКВА-ВОДОВОД ОХРИД.
|