Мени
Почетна
За Нас
Програми
Новости
Галерија
Донатори
Линкови
Контакт
Login





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Присутни
Имаме 2 гости на оваа страница
RSS Линкови
Преземете RSS:
Статистика

 

 

English
About Us
Пребарување
Анкета
Кој е најголемиот проблем на младите?
 
Последни коментари
Rale
Pozdrav iz Slovakie za ceo Ohrid a najvise za Dimcheta 8)
ИЛЧЕ
НАВИСТИНА СТЕ СИЛА толку многу различни активности секој да ви по
Darko
Super svezi informacii na sajtov, interesno ima sto da se procita
petar
Еве конечно и јас да дам едно коментарче, одлично е сајтчево пред

 

 

За Нас
Здружението е формирано на 8 декември 1999 година, а како правен субјект започна да функционира на 24 фебруари 2000 година.

Мисијата на здружението е пренасочување на курсот на младата популација кон активностите кои ги пружаат невладините организации, а истовремено овозможуваат многу забава, дружење и комуникација.

Основната дејност на  здружението е афирмирање и активирање на младите кон промоција на нивниот интерес во рамките на основните цивилизациски придобивки, промовирање на креативноста и иницијативноста во културата, науката, образованието и  општеството воопшто, застапување, унапредување и заштитување на научните, културните и другите контакти во рамките на меѓународното младинско делување, популаризација на Македонското културно наследство, народното творештво, традициите, културните убавини, македонската историја, наука, како и сите аспекти на Македонското општество како во Македонија така и во меѓународни размери, развивање на солидарноста во средината во која се делува, заштита на човековите права и човековата слобода, отфрлање на насилството, комуникација, соработка и солидарност, како и развивање на не насилните методи како единствен услов за заштита на слободата, остварување на правдата и постигнување на демократска, економска, социјалната и еколошката благосостојба за сите подеднакво.

Со Младинскиот Совет на Охрид како највисок орган раководи Собранието, а од редовите на своите преставници се избира Извршен Одбор, кој претставува извршен орган на Собранието. Младинскиот Совет на Охрид од своите редови избира Претседател, а здружението го застапува и Генералниот Секретар.

За успешно работење Младинскиот Совет на Охрид изработува годишна програма за работа, а работата односно реализирањето на предвидените активности ги реализира со работа по сектори. Младинскиот Совет на Охрид своите активности ги спроведува преку: секторот за млади и заштита од пороци, секторот за екологија и заштита на животната средина, секторот за мир, демократија и заштита на човекови права, женскиот сектор, хуманитарниот сектор, секторот за меѓународна соработка и секторот за спорт, култура и уметност. Секој сектор има раководител, а за реализација на проектите се вклучуваат волонтери.
   
Во периодот од формирањето до денес здружението има изработено повеќе проекти кои наидоа на голем интерес посебно кај младата популација од кои  најзначајни се:

  • Едукативна кампања насловена како ,, Да ги заштитиме младите од пороци”
  • ,, ... затоа што и децата имаат свои права,,
  • Хуманитарна акција,, Велигденско јајце,, по повод Велигденските празници;
  • Тридневен семинар на тема: демократија, идентитет, конфликти и толеранција ;
  • Тридневен ЕКО ХЕПЕНИНГ по повод 5ти јуни денот на екологијата;
  • ,За Охрид со љубов и чисто срце,,
  • ,, Заокружи и добиваш,, едукативна кампања по повод Локалните Избори;
  • ,,ГИГАНТ,, - набљудување на Локалните Избори;
  • ,,За Охрид каков што го сакаат младите,,
  • Центар за деца и младинци ВАВИЛОН;
  • Екохепенинг - ден на планетата земја;
  • Децата рекоа НЕ за пушењето !
  • Еколошки мировни игри-ден на екологијата;
  • За насилството нема оправдување
  • ,,Чекот по Чекор до демократија,,
  • Мир за Македонија
  • ,,Туристичко-еколошки БОН-ТОН,,
  • ,,Еко три ,,Б,,
  • ,,Сообраќајна култура,,
  • Копнежи мечти далечини
  •  МИРамиДА
  • Охридска МИРамиДА
  • Охрид каков што не го знаете
  • Волонтери-драгоцени соработници

а во рамките на кампањата за домашно набљудување на парламентарните избори 2002 година во рамките на Г.А.  МОСТ реализирани се:

  • Провери - проект за проверка во избирачкиот  список
  • Кодекс на однесување на Политичките Партии
  • Да ги набљудуваме изборите

    Во партнерство со ,,Меглен 2002,, во 2003 година реализирани се следните проекти и активности:

  • Хуманитарна Новогодишна акција (за Специјална детска болница)
  • Новогодишен маскембал
  • Каспер квиз
  • Хуманитарна собирна акција за полавените Роми во Велес
  • Хуманитарна собирна акција за Специјална Детска Болница во Охрид
  • Хуманитарна акција ,,Ова срце сака и понатаму да чука,,
  • Хуманитарна собирна акција за Ромите кај Меџитлија

    Младинскиот Совет на Охрид, односно активисти на организацијата вклучени се во реализација на проектите ,,Македонија без шенген,, и ,,Школа за демократија,, како и проектот ,,Мобилен Парламент, кој се реализира во партнерство со ,,МОСТ,, домашно набљудување на Претседателските избори, и Референдумот 2004, а во моментот работиме на кампањата за набљудување на Локалните избори 2005.



 
www.mladinskisovetohrid.org.mk