|
ПРОМОЦИЈА НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ОПШТИНА СТРУГА |
|
Во ресторанот Климетица во Струга, пред повеќе од педесетина гости, претставници на локалната Самоуправа на општина Струга, јавните и државните институции, невладините организации, политичките партии и медиумите, како и претставници на мисијата на ОБСЕ, Младински Совет Охрид ја оддржа промоцијата на Локалниот Акционен Младински План за општина Струга.
За ЛАМП Струга, процесот на креирање и подготовката зборуваше Димче Каневче, координатор на проектот, а за значењето на документот пред присутните се обрати Сејфула Хани, претседател на Советот на општина Струга. Оваа прилика беше искористена и за промоција на брошурата ,,чекори до успехот,, која се појави како резултат на реализацијата на проектот за подготовка на Локални Акциони Младински Планови за Охрид и Струга во која се наведени добрите практики кои произлегоа од реализацијата на проектните активности.
|