|
Младински Совет Охрид, во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт ,,СПОРТ ЗА СИТЕ-ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ,, го организираше ревијалниот турнир во кошарка за млади на возраст од 11 до 14 години.
На турнирот беа пријавени 4 женски и 2 машки екипи кои изминатиов викенд одиграа меѓусебни натпревари со цел да се дружат, рекреираат и забавуваат меѓу себе.
На турнирот беа пријавени женските екипи "The best,, ,,Dream Team,, ,,Basket girls,, и ,,Старс,, а од машките ,,Колибри,, и ,,Глобал,,.
Иако турнирот имаше ревијален карактер, победници беа екипите ,,Дреам Теам,, и ,,Колибри,,. За сите екипи беа обезбедени дипломи за учество, како и освежување кое го обезбедија донаторите мелница и пекарница ,,ИЛИНЧЕ,, од с. Мешеишта и ,,ТЕМ-ХЕМ,, од Охрид. Судии на натпреварите кои се оддиграа во ОУ Св. Климент Охридски беа Весна Балазовска и Миле Чавдаров.
|