|
На донаторски коктел, кој се оддржа во хотел Тино, на 23.01.2009 година, Младински Совет Охрид ги презентираше резултатите од реализација на младинските програми во 2008 година, а беа промовирани и младинските програми за 2009 година.
Димче Каневче, претседател на здружението, промовирајки го билтенот во кој се презентирани аите активности реализирани во рамките на младинските програми во 2008 година, а е донација на ,,ЛЕТРА дизајн,, истакна дека е посебно горд на она што е сработено во измината 2009 година, затоа што сите активности од споменатите програми се дирекно наменети на младите како целна група на здружението и истакна дека од март до декември 2008 година по разни основи а во рамки на младинските програми, вклучени се над 1500 млади, пред се ученици во основните и средните училишта. Димче Каневче им се заблагодари на присутните донатори за соработката која што беше реализирана во 2008 година и воедно не ги криеше очекувањата дека во новата 2009 година, донациите ќе бидат двојно поголеми од минатогодишните и дека покрај веќе постоечките донатори, младинските програми ќе бидат помогнати од нови донатори.
На присутните им се обрати и градоначалникот на општина Охрид г. Александар Петрески, кој пред присутните говореше за значењето на невладините организации за развојот на општина Охрид, со посебен осврт на работата на Младински Совет Охрид и значењето на здружението во развојот на младите од општината. Петрески се осврна на начинот на кој Младински Совет Охрид прибира средства за програмите, истакнувајки дека успешното прибирање на средства од компаниите во денешно време заслужува почит и пофалба, имајки ја во предвид глобалната економска приза и состојбите во општина Охрид.
На коктелот присуствуваа донатори на младинските програми, претставници на училиштата, медиуми, здруженијата на граѓани, дел од децата кои го посетуваат дневниот центар во болницата за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо, како и пратеникот Д-р Владо Стефановски.
Коктелот кој го обезбеди хотел Тино имаше и донаторски карактер, при што присутните донираа 4.700 денари, а за своте донации добиваа скромен подарок од волонтерите на Младински Совет Охрид. Средствата донирани на коктелот ќе бидат наменети за набавка на материјали за креативната работилница за изработка на накит, која е дел од програмата ,,МЛАДИ КРЕАТИВЦИ,,.
|