|
Волонтерите на Младински Совет Охрид го организираа новогодишниот ,,пазар,, во дневниот центар во болницата за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо. Целта на овој настан беше да се запознаат вработените во болницата со активностите кои се реализираат во овој центар и со свои донации да го поддржат неговото понатамошно функционирање. На новогодишниот ,,пазар,, беа поканети сите вработани во болницата, а само мал број од нив го посетија настанот, но се собраа 5.000.оо мкд, што е повеќе од очекуваното, имајќи во предвид дека вакви настани кај нас ретко се случуваат и имајќи ја во предвид недоволно развиената свест кај граѓаните за дарување, а со тоа и за зголемување на филантропската активност кај секој поединец.
Оваа активност беше организира како завршна акција за прибирање на средства за младинските програми во рамки на кампањата ,,Следи го сонцето - 3,,.
Младински Совет Охрид им се заблагодарува на сите граѓани кои со свои донации дадоа поддршка за поуспешно реализирање на програмите ,,Млади креативци,, ,,Млади во Акција,, Спорт за сите и здравје за сите,, како и за програмата за превенција од тутун, алцохол и дроги.
|