|
По повод доаѓањето на Новата 2009 година, волонтерите на Младински Совет Охрид организираа забава за децата кои ги користат услугите на Дневниот центар во болницата за ортопедија и трауматологија ,,Св. Еразмо во Охрид.
На забавата, со децата, покрај волонтерите на МСО, се дружеше и Дедо Мраз, кој им ја разубави атмосферата на децата, кои не го криеа задоволството од неговото присуство. Тие посакаа да се фотографираат со Дедо Мраз, а неговото доаѓање во болницата го искористија да му постават безброј прашања и да си посакаат желби.
Дедо Мраз на сите деца кои беа присутни на забавата им подари пакетчина, а волонтерите на Младински Совет Охрид им посакаа добро здравје и среќна и весела 2009 година.
Новогодишните паќетчиња за децата од костозглобната болница ги донираше ,,Swiss Lion,, - Агроплод, Охрид.
|