|
Волонтери на МСО на донаторски касички, волонтери на МСО со ЦДа по охридските кафетерии, волонтери на МСО на градскиот плоштад. Ги имаше насекаде, презентирајки ги младинските програми на Младински Совет Охрид, повикувајки ги со свои донации да ги помогнат програмите.
Младински СОвет Охрид по повод новогодишните и божикните празници започна да ја реализира кампањата ,,СЛЕДИ ГО СОНЦЕТО - 3".
20 волонтери на МСО поделени во парови, во 5 маркети во градот, делејки флари со програмите на МСО ги повикуваа граѓаните на Охрид и гостите кои купуваа во маркетите да ги помогнат младинските програми. Во донаторските касички, поттикнати од волонтерите на МСО, граѓаните донираа 10.000.оо денари.
10 волонтери, поделени во 5 тимови, посетувајки ги охридските кафетерии, ги анимираа граѓаните и многубројните гости, да донираат средства за реализација на младинските програми, а за своите донации на сите индивидуални донатори им подарува ЦД со новогодишни и божикни песни. Во изминатата недела поделени се 200 ЦДа како подарок на исто толку индивидуални донатори кои за програмите донираа 20.000.оо денари.
На градскиот плоштад, на 30 и 31 декември волонтерите на Младински Совет Охрид реализирајки ја кампањата за прибирање на средства за младинските програми ,,СЛЕДИ ГО СОНЦЕТО-3,, обезбедија дополнителни 15.000.оо денари. На 7 штандови беа поставени новогодишни и божикни подароци, икебани, книги, накит и фотографии, кои привлекоа големо внимание кај домашните и странски туристи и гости во Охрид, како и кај Охриѓани, кои донирајки средства и добивајки подарок ги помогнаа младинските програми.
Кампањата ,,СЛЕДИ ГО СОНЦЕТО - 3,, ќе заврши во првата половина на месец јануари, со организирање на новогодишен пазар во дневниот центар во болницата за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо, каде ќе бидат поканети сите донатори на програмите како и персоналот и менаџментот на болницата.
|