|
МЛАДИНСКИ СОВЕТ ОХРИД ДОБИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА |

Владата на Република Македонија , преку одделението за соработка со здруженијата на граѓани, одвои 206.000.оо денари за реализација на проектот ,, СИДА ДРОГА СЕКС И ROCK &ROLL" кој Младински Совет Охрид ќе започне да го реализира по завршувањето на новогодишните и божикните празници.
Во рамките на проектот ќе бидат испечатени едукативни и промотивни материјали кои ќе бидат дистрибуирани на едукативните средби кои ќе бидат организира од стана на Младински Совет со учениците од основните и средните училишта од Охрид, како и на промотивните настани и забавите кои ќе се организираат на почетокот и на крајот од реализацијата на овој проект.
Целта на овој проект е дел од младите во Охрид да се запознаат со последиците од конзумирањето на различните видови дроги, алкохол и тутун, како и со последиците од практикување на не безбеден секс.
Координатор на проектот е Димче Каневче, асистент е Флорентина Стерјовска, а администратор Катерина Ситникоска.
Со овој проект, Младински Совет Охрид ја продолжува соработката со државните институции кои даваат поддршка на здруженијата на граѓани, и ја користи оваа прилика да се заблагодари на Владата на Република Македонија за заложбите кои ги прави за развој на граѓанскиот сектор.
|