|
Младински Совет Охрид, како Локален Волонтерски Сервис, организираше две обуки за волонтерски менаџмент. На обуките зедоа учество 10 волонтери и 9 супервизори од исто толку јавни институции и здруженија на граѓани во кои ќе започнат да волонтираат волонтерите.
Волонтерите и нивните супервизори беа запознаени со проектот Локален волонтерски сервис кој го реализира Младинскиот Совет Охрид, како Волонтерска инфо точка за Општинаа Охрид, а исто така и со Законот за волонтирање со кој се уредуваат условите и начинот на вршење на волонтерската работа, правата и обврските на волонтерот и организаторот на волонтерската работа, договорот за волонтирање, евиденцијата на волонтерската работа. Исто така на обуката беше презентирана и волонтерската книшка во која се внесуваат податоците за времетраењето на волонтирање и видот на обуката за која волонтерот се оспособил како и за времетраењето на волонтирањето. Волонтерската книшка треба да ја издаде организаторот на волонтерската работа, а истата се обезбедува од министерството за труд и социјална политика.
Супервизорите се обучија за волонтерски менаџмент, односно за следење на напредокот на волонтерот додека волонтира во неговата институција.
На обуката беа поделени и ,,студии на случај,, односно конкретни ситуации со кои можат да се најдат и волонтерите и супервизорите, според кои беа понудени соодветни решенија на ,,проблемите,,.
Во рамките на проектот, до крајот на оваа година, ќе се организираат средби за запознавање на волонтерите и организаторите на волонтерската работа, со цел да се усогласат волонтерските програми.
|