|
НОВИ ИСКУСТВА ОД ХРВАТСКА ЗА НОВИТЕ ПРОГРАМИ НА МСО |
  Претставници на Младински Совет Охрид претстојуваа на студиско патување
во Загреб, Р. Хрватска. Неколкудневниот престој беше искористен за
размена на информации и искуства од работењето на Младински Совет Охрид
и Младинската Мрежа на Хрватска, со посебен акцент на активното учество
на младите во општеството и на развојот на ресурсите за информирање на
младите. Во оваа прилика беа реализирани повеќе панел дискусии на кои
се дискутираше за механизмите за активно учество на младите, младите во
процесите на донесување на одлуки, перцепција на младите во медиумите и
јавноста и волонтерство и младински активизам.
  Претставници на Младински Совет Охрид претстојуваа на студиско патување во Загреб, Р. Хрватска. Неколкудневниот престој беше искористен за размена на информации и искуства од работењето на Младински Совет Охрид и Младинската Мрежа на Хрватска, со посебен акцент на активното учество на младите во општеството и на развојот на ресурсите за информирање на младите. Во оваа прилика беа реализирани повеќе панел дискусии на кои се дискутираше за механизмите за активно учество на младите, младите во процесите на донесување на одлуки, перцепција на младите во медиумите и јавноста и волонтерство и младински активизам.
Во делот на развојот на ресурсите за информирање на младите организирано е предавање за развој на средства за информирање на младите за нивно активно учество во општеството, а реализирани се и панели за развој на модели, ресурси и алати на информирање, дискутирано е за можност за отварање на инфо центар, а дискутирано е и за јавното заговарање, како техника за постигнување на одредена цел, со посебен акцент за спроведување на успешни акции на младите.
|