|
Во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт, Младински Совет Охрид го организираше планинарскиот излет на Галичица. 40те најактивни млади, кои покажаа интерес за учество во активностите во текот на целата година, поаѓајки од авобуската постојка кај Тим Маркет со автобус на ПУПЕ КОМПАНИ се упатија до Липова ливада. Планинарејки, групата се упати до планинарската куќарка, при што беше направена првата проверка на опрема.
Оние учесници кои беа спремни, продолжија да се движат по обележана и маркирана патека до ,,излезот на шумата,, каде беше направена втората проверка на опрема. Оние кои беа подготвени, продолжија до ,,долината на тишината,, по што се вратија во планинарската куќарка, каде се освежија со топол чај, ,,lunch,, пакети и минерална вода, обезбедени од хотел Милениум Палас и Лозар Пелистерка.
|