|
Со оддржување на последната рабоилница во основното училиште ,,Кочо Рацин,, во Охрид, Младински Совет ја заврши третата фаза од проектот за едукација на деца од третите и четвртите одделенија во основните училишта за разумно користење на електричната енергија.
Во оваа фаза беа посетени осум училишта во Охрид, Дебарца-с.Белчишта, Струга-с.Подгорци, Дебар-Центар Жупа, Кичево-с.Зајас и с.Стрелци, Ресен -с.Подмочани, а опфатени се 464 ученици.
Четвртата фаза од проектот ќе продолжи со реализација во месец февруари, И во оваа фаза предвидено е да се опфатат 348 ученици од осум училишта во 4 општини.
По завршувањето на оваа фаза, во рамките на проектот ќе биде организиран квиз натпревар, а во тек е конкурс за ликовни и литератирни творби.
Едукацијата ја спроведуваат Наташа Џајкоска, Раим Фејзулаи, Катерина Ситникоска и Илче Каневче, а координатор на проектот е Билјана Митревска.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од ЕВН Македонија, а координацијата на активностите ја спроведува КОНЕКТ-Скопје.
Младински Совет Охрид ја искажува благодарноста до Директорите и стручните служби на сите училишта во кои се реализира проектот за поддршката која ја даваат за поуспешно спроведување на едукациите кои се од големо значење за учениците.
|