|
Градоначалникот на општина Струга, г. Рамиз Мерко, Претседавачот на Советот на општина Струга г. Сејфула Хани, како и координаторите на советничките групи во советот на општина Струга Бекир Баута (ДПА), Бујар Хоџа (ДУИ), Илија Мацески (СДСМ), Симон Алексиески (ЛДП), Станислав Буклиески (ВМРО ДПМНЕ-ВМРО НП) и Зуфер Арслани (ПДП), ја дадоа поддршката пред усвојувањето на Локалниот Акционен Младински План за општина Струга.
Поддршката е добиена на состаноците кои се организирани непосредно пред оддржување на седницата на Советот на општина Струга, на која се очекува, документот да биде усвоен од струшките советници.
Градоначалникот Рамиз Мерко, запознаен со текот на настаните поврзани со креирањето на ЛАМП Струга, се заложи пред поставувањето на документот на дневен ред на седница на Совет, уште еднаш да го разгледа истиот, заедно со својот тим, по што ке даде препорака согласно на заклучоците кои ќе се донесат на средбата.
Претседавачот на советот на општина Струга, Сејфула Хани, истакна дека имал некои нејасни работи поврзани со документот, но по средбата сите нејаснотии се разјаснеи и како претседавач на совет ја дава поддршката на овој труд, и очекува дека ЛАМП Струга ќе биде усвоен од сите советници, затоа што е помош за младината во Струга.
Станислав Буклески од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека планот содржи материјали што им требаат на младите и дека советот треба да помогне затоа што колку советот ќе им помогне, толку младите поквалитетно ќе живеат. ,,Стојам зад овој план и нема причина зошто да не го поддржам,, истакна на крајот Буклески.
Симон Алексиески од ЛДП повтори дека ова е важен документ и основа за младинската политика, сеопфатен е и третиран е во согласност со Законот за буџет за креирање на развојни програми.
Беким Баута од ДПА оддаде признание на трудот кој е вложен во креирање на овој документ кој ќе помогне во афирмирање на младите. Баута верува дека документот ке биде изгласан и дека дел од него ќе се реализира со што ќе се подобрат условите за живеење на младите.
Илија Мацески од СДСМ, го повтори својот став од јавната расправа дека ова е важен документ, кој ќе претставува основа за надградување и дека советот мора да најде решение за финансирање на дел од активностите во ЛАМП Струга.
Зуфер Арслани од ПДП го поддржува планот и неговото усвојување и ќе гласа на седница на Совет за овој документ.
Локалниот Акционен Младински План ќе биде доставен на стручните служби во општина Струга со цел да биде ставен на дневен ред на декемвриската седница на Советот на општина Струга.
|