Мени
Почетна
За Нас
Програми
Новости
Галерија
Донатори
Линкови
Контакт
Анкета
Како ви се допаѓа новиот дизајн на веб страната од мсо?
 
Login





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Присутни
Имаме 53 гости на оваа страница
RSS Линкови
Преземете RSS:
Статистика

 

 

English
About Us
Пребарување
Клуб на пријатели
galebce.jpg
        
За клубот
Нивоа на членство
Активности
Членови на клубот
Програми
Билтен на МСО за 2008


Последни коментари
siko
cestitki za aleksandar petreski toj pomognal i ke pomogne na nvo
dzana
ej dimce zs mi ja imas blokirano acountot moj ne mozam da vlezam inace sega sakam da ojme so tegjana vo resen pa posle v
dzana
hi za sega inace ke prajme ovde mnogu muabet 
ivana
pozz do MSO i imam edno prasanje:D koga slikite od seminarot vo Kocarev za aktuelnite ''poroci'' :D:D

 

 

Новости
МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ГАЛИЧИЦА
Izlet galichica (03).JPGВо рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт, Младински Совет Охрид го организираше планинарскиот излет на Галичица. 40те најактивни млади, кои покажаа интерес за учество во активностите во текот на целата година, поаѓајки од авобуската постојка кај Тим Маркет со автобус на ПУПЕ КОМПАНИ се упатија до Липова ливада. Планинарејки, групата се упати до планинарската куќарка, при што беше направена првата проверка на опрема.
Повеќе...
 
ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НОВОГОДИШНИОТ НАСТАН ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ВО КОСТОЗГЛОБНАТА БОЛНИЦА ВО ОХРИД
nova godina (02).jpg Во рамките на програмата за ангажман на младите во заедницта ,,МЛАДИ ВО АКЦИЈА ,, волонтерите на Младински Совет Охрид подготвуваат специјален новогодишен настан. На овој настан покрај организирање на забавата, пакетчињата и новогодишните подароци кои се планирани да им се дадат на децата кои го посетуваат дневниот центар на Младински Совет Охрид, предвидено е да се поканат сите донатори кои ја поддржуваат оваа програма, како и нови потенцијални донатори, претставници на јавните институции од областа на образованието, културата, здравството, социјалата и сл. како и претставници на и локалната и централната власт.
Повеќе...
 
Претставници на мисијата на ОБСЕ, The Balkan Trust for democracy и на Екуменска Женска Иницијатива
Претставници на мисијата на ОБСЕ на "The Balkan Trust for democracy" и на Екуменска Женска Иницијатива, остварија средби со претставници на Младински Совет Охрид.

На средбата со претставниците на ОБСЕ беше презентирана идејата за реализацијата на програмата за превенција од дрога, алкхол и тутун, како и за можноста на финансирање на дел од програмските активности. Преставниците на ОБСЕ ја поддржаа оваа иницијатива и дадоа предлог истата да биде разгледана од претставници на оваа мисија кои се на повисоки позиции по што ќе се даде одговор кој дел од програмата ќе биде финансиски поддржан. Програмата за превенција од дрога, алкохол и цигари, ќе биде презентирана пред претставниците на Локалниот Совет за превенција, кој неодамна се формираше во Локалната Самоуправа на општина Охрид со цел истата да ја добие и поддршката на овој совет.
Повеќе...
 
Заврши третата фаза од проектот "ЕВН Македонија училишен сервис"
evn-kids servis (16).jpg Со оддржување на последната рабоилница во основното училиште ,,Кочо Рацин,, во Охрид, Младински Совет ја заврши третата фаза од проектот за едукација на деца од третите и четвртите одделенија во основните училишта за разумно користење на електричната енергија.
Повеќе...
 
ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУГА ГО ПОЗДРАВУВААТ ЛОКАЛНИОТ АКЦИОНЕН МЛАДИНСКИ ПЛАН
sostanoci Struga (07).jpgГрадоначалникот на општина Струга, г. Рамиз Мерко, Претседавачот на Советот на општина Струга г. Сејфула Хани, како и координаторите на советничките групи во советот на општина Струга  Бекир Баута (ДПА), Бујар Хоџа (ДУИ), Илија Мацески (СДСМ), Симон Алексиески (ЛДП), Станислав Буклиески (ВМРО ДПМНЕ-ВМРО НП) и Зуфер Арслани (ПДП), ја дадоа поддршката пред усвојувањето на Локалниот Акционен Младински План за општина Струга.
Повеќе...
 
МСО започнува нова програма за превенција од психоактивни супстанци - алкохол, тутун и дрога
stop.jpgМладински совет охрид по повод светскиот ден за борба против сидата, започнува со реализација на програмата за превенција од психоактивни супстанци - алкохол, тутун и дрога.

Програмата за превенција од психоактивни супстанци - алкохол и тутун дрога е изработена согласно универзалните принципи за унапредување на здравјето, активностите во рамки на различни нивоа на превенција, но и врз стратешките документи за сузбивање на овие проблеми кај младата популација (националната стратегија за млади на република македонија, националната стрегија за дроги, националната стратегија за хив/сида, како и акционите планови произлезени од гореспоменатите национални стратегии.
Повеќе...
 
СО ПЕСНИ И ИГРИ ПРОТИВ АЛКОХОЛОТ, ТУТУНОТ И ДРОГАТА
koncert-mk (28).jpgПовеќе од 400 љубители на фолклорот го посетија добротворниот мултиетнички концерт кој Младински Совет Охрид го организираше како дел од активностите за прибирање на средства за реализација на програмата за превенција од психоактивни супстанци – алкохол, тутун и дрога.
Повеќе...
 
ЈАВНА РАСПРАВА ПО РАБОТНАТА ВЕРЗИЈА НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ОПШТИНА СТРУГА
javna struga (03).jpgМладински Совет Охрид во салата на општина Струга ја одржа јавната расправа по работната верзија на Локалниот Акционен Младински План за општина Струга. На јавната расправа беа поканети 70 претставници на релевантни институции кои работат со и за младите, а учество зедоа 30 претставници на локалната самоуправа на општина Струга, советници,  Центар за социјални работи – дневен центар за корисници на дрога – Охрид, МВР СВР Охрид, сектор за превенција, Полициска станица Струга, ЈЗУ Општа болница, СДСМ Струга, ЈЗУ Здравствен Дом Струга, Црвен крст Струга, 5та приватна гимназија Струга, основни и средни училишта во Струга, Национална установа музеј на Струга, Центар за култура Струга, здруженија на гражани, политички подмладоци и медиуми (ТВМ и Калтрина).
Повеќе...
 
МУЛТИКУЛТУРНА ВЕЧЕР ВО ОХРИД
multikultura (15).jpgНа иницијатива на Младински Совет Охрид, а како дел од проектот за промоција на мултикултурата во Република Маедонија, раководен од ЦИД – Куманово, а финансиски поддржан од мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, организирана е мултиетничка вечер. 25 млади, Македонци, Турци, Албанци и Египќани, ги презентираа своите етнички заедници, промовирајки ја социјалната, материјалната и духивната култура, обидувајки се да ги најдат сличностите врз кои треба да се темели соживотот на младите во општина Охрид, што ќе претставува пример за заедничко живеење во регионот.
Повеќе...
 
УСВОЕН ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ОХРИД
LAMP 5.jpgСоветот на општина Охрид на 60тата седница едногласно го усвои Младинскиот Акционен Локален План за општина Охрид. Со 16 гласови ЗА, сите советници кои беа присутни на седницата, ја искажаа довербата кон Младински Совет Охрид и сите релевантни институции кои во изминатите 8 месеци секојдневно работеа на креирањето на младинската политика и партиципација за следните 3 години.
Повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 Следна > Крај >>

Резултати 46 - 60 од 116
www.mladinskisovetohrid.org.mk