Новости

Програмата ,, МЛАДИ ВО АКЦИЈА ,, која Младински Совет Охрид ја реализира
во ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР во костозглобната болница, секојдневно се збогатува
со нови содржини. Децата кои се со престој во болницата подолго време,
а и оние кои привремено доаѓаат, со голема радост ги пречекуваат
волонтерите на Младински Совет Охрид, кои три пати во неделата
организираат едукативни, креативни, спортски и рекреативни содржини.
|
|
Повеќе...
|
|
МЛАДИНСКИ СОВЕТ ОХРИД ПРЕКУ ЛОКАЛНИОТ ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС ЌЕ ИСПРАТИ 8 МЛАДИ НА ВОЛОНТИРАЊЕ ВО 5 ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ И 2 ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ
 ЈЗУ Општа болница, Специјална болница за за ортопедија и траумотологија Св. Еразмо - Охрид, ЈОУ Детска градинка ,,Јасна Ристеска,, ОУ Св.
Климент Охридски, Градска библиотека ,,Григор Прличев,, ,,ПОРAКА,, и
,,ОПЦИЈА,, од Охрид се првите институции и здруженија на граѓани кои
согласно Законот за волонтерство, преку Локалниот Волонтерски Сервис на
Младински Совет Охрид ќе примат волонтери во периодот декември
2008-март 2009 година.
|
|
Повеќе...
|
 ЛОКАЛНИТЕ АКЦИОНИ МЛАДИНСКИ ПЛАНОВИ за Охрид и Струга, кои Младински
Совет Охрид ги подготвува веќе 7 месеци се спремни да се достават до
општинските совети.
После јавната расправа во Охрид, локалната самоуправа формираше
работна група која на заеднички состанок со претставници на Младински
Совет Охрид ги усогласи ставовите и мислењата во врска со документот и
истиот е предаден на локалната самоуправа со цел да биде ставен на
дневен ред на седницата на Советот која ќе се оддржи на 28 ноември 2008
година.
|
|
Повеќе...
|
 На финалниот натпревар во турнирот во мал фудбал за деца од 12 до 15
години, што се одигра во спортстската сала "Билјанини извори" во
Охрид, екипата на ОУ Братство Единство "ЛУНА" го освои победничкиот пехар.
Пред повеќе од 500 гледачи, љубители на фудбалот, претежно ученици од
сите основни училишта во Охрид, екипата ,,ЛУНА" ја порази екипата
,,Фортуна ЈИК Маркет" со резултат 5:4 (одигрувајки ги регуларните 40
минути со резултат 1:1, двете продолженија од по 5 минути со резултат
2:2 и шутирајки по 3 пенали со резултат 3:2)
|
|
Повеќе...
|
 Во рамките на програмата за ангажман на младите во заедницата ,,МЛАДИ ВО АКЦИЈА,, Младински Совет Охрид, за децата од болницата за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо од Охрид, организираше посета на претставата ПЕПЕЛАШКА.
|
|
Повеќе...
|
|

Младински Совет Охрид во рамките на проектот за подготовка на
ЛОКАЛЕН АКЦИОНЕН МЛАДИНСКИ ПЛАН ја организира ше јавната расправа по работната верзија на документот. На јавната расправа
у чествуваа пове ќе од 50 у чесници, претставници на Локалналната самоуправа, јавни институции, др жавни органи, здру женија на гра ѓани, како и претставници на охридските пратеници.
|
|
Повеќе...
|
|
.jpg)
Младински Совет Охрид по кратка пауза повторно работи на програмата за ангажман на младите во заедницата „ МЛАДИ ВО АКЦИЈА “.
Новиот тим кој ја реализира програмата подготви нова програма која ја
прилагоди на возраста и на потребите на децата кои се на лекување во
болницата за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо во Охрид.
|
|
Повеќе...
|
|

Младински Совет Охрид, како Волонтерска Инфо Точка, формира ЛОКАЛЕН ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС.
Локалниот волонтерски сервис е замислен како структура која
ќе работи на развој и имплементација на квалитетен систем за
волонтерски менаџмент и воедно ќе дава придонес за решавање на проблеми
во локалната заедница со воспоставување на рамнотежа помеѓу потребите и
понудата на човечки ресурси-волонтери.
Проектот предвидува партнерска соработка со Волонтерскиот
центар на Македонија кој го раководи Младински Културен Центар од
Битола со уште 4 партнерски НВОии од 4 градови во Македонија кои
функционираат како локални канцеларии или Волонтерски инфо точки.
|
|
Повеќе...
|
|
 Во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт, Младински
Совет Охрид го реализира турнирот во мал фудбал за деца од 12 до 15
години. Турнирот започна на 18 октомври со квалификациони натпревари на
спортските терени на ОУ Св. Климент Охридски и Христо Узунов на кој
учество зедоа 12 екипи со по 8 играчи.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Поставени 30 цели - предвидени 132 активности за решавање на проблемите на младите во Струга
Младински Совет Охрид го реализираше вториот форум за млади во рамките на проектот за подготовка на ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ АКЦИОНИ ПЛАНОВИ ЗА ОХРИД И СТРУГА. Вториот форум се организираше во Струга, на кој активно учество зедоа 20 претставници од различни институции, локална самоуправа и НВО-ии.
|
|
Повеќе...
|
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>
| | Резултати 1 - 15 од 59 |
|
|