
Во рамките на програмата „ СПОРТ ЗА СИТЕ - ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ “ Младински Совет Охрид организираше планинарски излет ,,ВЕЛЕСТОВО 2008,,. На излетот учествуваа 50 учесници, кои се движеа по патеката: Споменик Св. Кирил и Методи - Билјанини извори - чешма Црско - Велестово. Учесниците се движеа по маркираната рекреативна патека движејки се по комбинирана тревна и каменита патека која што на рекреативците им овозможи да го видат Охрид од една поинаква перспектива.
|
|
Повеќе...
|
 Во рамките на програмата за ангажман на младите во заедницата ," МЛАДИ ВО АКЦИЈА " на 4 мај свечено беше отворен дневниот центар кој ќе функцинира во детскиот павиљон во специјалната болница за ортопедија и трауматологија " Св. Еразмо" во Охрид.
|
|
Повеќе...
|
|
Овој проект има задача да ги едуцира пред сè децата, потоа родителите и
наставниците за начините како децата да бидат заштитени и безбедни на
интернет.
За да се постигне ова, ќе се пристапи кон реализирање на следниве активности:
|
|
Повеќе...
|
|
|
Одржан првиот турнир во друштвени игри.

Во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт, Младински Совет Охрид го реализираше првиот турнир во друштвени игри. 48 учесници, ученици во 7 основни училишта ( ОУ Христо Узунов, ОУ Григор Прличев, ОУ Братство Единство Лескајца, ОУ Братство Еинство Крст Џамија, Кочо Рацин од Охрид и ОУ Ванчо Николески од с. Лескоец и ОУ Живко Чинго од с. Велгошти) се натпреваруваа во три друштвени игри: "не лути се човече", шах и твистер.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт, Младински Совет Охрид го организира првиот турнир во друштвени игри. 48 учесници од 8 основни училишта ќе се натпреваруваат во три игри: не лути се човече, шах и твистер.
Турнирот ќе се одржи на 5 април (сабота) во основното училиште Христо Узунов со почеток во 11.00 часот.
Координатор на програмата е Илче Каневчев, а асистентка Катерина Ситникоска.
|
|
|
Проектот преставува промоција на кампањата ,,СИТЕ РАЗЛИЧНИ-СИТЕ ЕДНАКВИ,, на локално ниво и ќе започне да се реализира во втората половина на месец април 2008 година со подготовка на промотивно-едукативните материјали. Ќе бидат испечатени картички, флаери, маички, шекерчиња. Во месец мај ќе се реализираат 2 промотивни средби во Охрид и по една во Ресен и Струга, со цел да се иницираат активности и во овие две општини. Во месец мај ќе се реализираат трите работилници: креативната, ликовната и фото работилница, чии производи ќе бидат промовирани на завршната манифестација која ќе се одржи во месец јуни. Хепенингот ,,СИТЕ РАЗЛИЧНИ-СИТЕ ЕДНАКВИ,, ќе се одржи на 5 јуни на градскиот плоштад.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Младински Совет Охрид започнува со проект за изработка на два локални младински акциони планови за Охрид и Струга.
Општата цел на проектот е создавање на стратешки темели за дефинирање на локалната политика кон младите, а специфичните цели се организирање на цивилниот сектор на младите во Охрид и Струга за заедничко делување на полето на младинската политика, да се добие јасна слика за потребите и проблемите на младите во Охрид и Струга, да се развие партнерски однос и да се подобри соработката помеѓу цивилниот сектор и локалните власти и да се подобрат животните услови на младите во Охрид и Струга.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Од 20 до 23 март 2008 година, во рамки на проектот за насилство во адолесценска врска, се одржа семинар со работен наслов "Темната страна на љубовта". Во текот на 4те работни дена 16 учесници, средношколци, претставници на 4 младински здруженија Младински Културен Центар од Битола, Фокус од Ресен, Парумба МКД од Струга и Младински Совет Охрид ги совладуваа вештините за активно слушање, комуникација, ЈАС говор, перцепција и моќ и сл. Програмата се реализираше преку 5 модули односно тематски целини: љубов и врска, род и пол, моќ и насилство во врска, вештини потребни за воспоставување и одржување на квалитетна врска и човекови права - право на живот без насилство.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 Следна > Крај >>
|
| Резултати 91 - 105 од 116 |