Младински Совет Охрид, во рамките на редовните спортско-рекреативни
активности го организираше планинарскиот излет ,,ВЕЛЕСТОВО 2009,,. На
излетот присуствуваа над 80 млади ученици...
|
|
Повеќе...
|
По повод Велигденските празници, волонтерите на Младински Совет Охрид организираа Велигденски хепенинг на градскиот плоштад.На неколку штантови беа изложени производи...
|
|
Повеќе...
|
 Младински Совет Охрид успешно ја реализира програмата за превенција од
психоактивни супстанци – тутун, дрога и алкохол. Оваа програма започна
да се реализира на почетокот на 2009 година со подготовка на
едукативно-промотивни материјали и припрема на програмата за превенција.
|
|
Повеќе...
|
.jpg)
Во ресторанот Климетица во Струга, пред повеќе од педесетина гости,
претставници на локалната Самоуправа на општина Струга, јавните и
државните институции, невладините организации, политичките партии и
медиумите, како и претставници на мисијата на ОБСЕ, Младински Совет
Охрид ја оддржа промоцијата на Локалниот Акционен Младински План за
општина Струга.
|
|
Повеќе...
|
.jpg)
Младински Совет Охрид, во рамките на програмата за развој на
рекреативниот спорт ,, СПОРТ ЗА СИТЕ-ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ,, го организираше
ревијалниот турнир во кошарка за млади на возраст од 11 до 14 години.
На турнирот беа пријавени 4 женски и 2 машки екипи кои изминатиов
викенд одиграа меѓусебни натпревари со цел да се дружат, рекреираат и
забавуваат меѓу себе.
|
|
Повеќе...
|
|
 Делегација на ОБСЕ, предводена од Амбасадорот Кнут Волебаек, од Високиот
Комесаријат за Национални Малцинства од Хаг, имаше работна вечера со
претставници на Младински Совет Охрид. На работната вечера што се
оддржа во ресторанот Св. Софија во Охрид беше дискутирано за
активностите на Младински Совет Охрид, како и за можностите за
соработка на полето на образованието, човековите права, политичкиот
дијалог и сл. Средбата беше искористена за дискусија посветена на
проблемите помеѓу македонските и албанските ученици во средношколските
центри во Струга, за престојните локални и претседателски избори, како
и за проблемите и потребите на младите во општина Охрид.
|
|
Повеќе...
|
|
.jpg)
На донаторски коктел, кој се оддржа во хотел Тино, на 23.01.2009
година, Младински Совет Охрид ги презентираше резултатите од
реализација на младинските програми во 2008 година, а беа промовирани и
младинските програми за 2009 година.
|
|
Повеќе...
|
|
 Волонтерите на Младински Совет Охрид го организираа новогодишниот
,,пазар,, во дневниот центар во болницата за ортопедија и
трауматологија Св. Еразмо. Целта на овој настан беше да се запознаат
вработените во болницата со активностите кои се реализираат во овој
центар и со свои донации да го поддржат неговото понатамошно
функционирање.
|
|
Повеќе...
|
|
  Со посебно задоволство Ве информираме дека Младински Совет Охрид со
проектот ,,ГО САКАМ ОХРИД,, е дел од програмата за култура на
Министерството за култура на Република Македонија за 2009 година.
|
|
Повеќе...
|
|

По повод доаѓањето на Новата 2009 година, волонтерите на Младински
Совет Охрид организираа забава за децата кои ги користат услугите на
Дневниот центар во болницата за ортопедија и трауматологија ,,Св.
Еразмо во Охрид.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 Следна > Крај >>
|
| Резултати 31 - 45 од 116 |