
Под мотото ,,ЦРНО И БЕЛО,, Младински Совет Охрид, го организираше
завршниот хепенинг во рамките на кампањата за промоција на различноста,
човековите права и партиципацијата, ,,СИТЕ РАЗЛИЧНИ-СИТЕ ЕДНАКВИ,, што
Советот на Европа ја реализира во повеќе од 40 држави. Хепенингот се
оддржа на градскиот плоштад Св. Климент Охридски во Охрид со
поставување на промотивни штандови на кои беа изложени производи од
работилницата за изработка на накит, курсот за фотографија и
литературната работилница.
|
|
Повеќе...
|