 Младински совет охрид по повод светскиот ден за
борба против сидата, започнува со реализација на програмата за
превенција од психоактивни супстанци - алкохол, тутун и дрога.
Програмата за превенција од
психоактивни супстанци - алкохол и тутун дрога е изработена согласно
универзалните принципи за унапредување на здравјето, активностите во
рамки на различни нивоа на превенција, но и врз стратешките документи
за сузбивање на овие проблеми кај младата популација (националната
стратегија за млади на република македонија, националната стрегија за
дроги, националната стратегија за хив/сида, како и акционите планови
произлезени од гореспоменатите национални стратегии.
|
|
Повеќе...
|
|
.jpg) Повеќе од 400 љубители на фолклорот го посетија добротворниот
мултиетнички концерт кој Младински Совет Охрид го организираше како дел
од активностите за прибирање на средства за реализација на програмата
за превенција од психоактивни супстанци – алкохол, тутун и дрога.
|
|
Повеќе...
|
|
Советот на општина Охрид на 60тата седница едногласно го усвои Младинскиот Акционен Локален План за општина Охрид. Со 16 гласови ЗА,
сите советници кои беа присутни на седницата, ја искажаа довербата кон
Младински Совет Охрид и сите релевантни институции кои во изминатите 8
месеци секојдневно работеа на креирањето на младинската политика и
партиципација за следните 3 години.
|
|
Повеќе...
|
|
.jpg) Младински Совет Охрид во салата на општина Струга ја одржа јавната
расправа по работната верзија на Локалниот Акционен Младински План за
општина Струга. На јавната расправа беа поканети 70 претставници на релевантни институции кои работат со и за младите, а учество зедоа 30 претставници на
локалната самоуправа на општина Струга, советници, Центар за социјални
работи – дневен центар за корисници на дрога – Охрид, МВР СВР Охрид,
сектор за превенција, Полициска станица Струга, ЈЗУ Општа болница, СДСМ
Струга, ЈЗУ Здравствен Дом Струга, Црвен крст Струга, 5та приватна
гимназија Струга, основни и средни училишта во Струга, Национална
установа музеј на Струга, Центар за култура Струга, здруженија на
гражани, политички подмладоци и медиуми (ТВМ и Калтрина).
|
|
Повеќе...
|
|
.jpg) На иницијатива на Младински Совет Охрид, а како дел од проектот за промоција на мултикултурата во Република Маедонија, раководен од ЦИД – Куманово, а финансиски поддржан од мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, организирана е мултиетничка вечер. 25 млади, Македонци, Турци, Албанци и Египќани,
ги презентираа своите етнички заедници, промовирајки ја социјалната,
материјалната и духивната култура, обидувајки се да ги најдат
сличностите врз кои треба да се темели соживотот на младите во општина
Охрид, што ќе претставува пример за заедничко живеење во регионот.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 51 - 60 од 116 |