
Волонтери на МСО на донаторски касички, волонтери на МСО со ЦДа по
охридските кафетерии, волонтери на МСО на градскиот плоштад. Ги имаше
насекаде, презентирајки ги младинските програми на Младински Совет
Охрид, повикувајки ги со свои донации да ги помогнат програмите.
|
|
Повеќе...
|
|
 
Владата на Република Македонија, преку одделението
за соработка со здруженијата на граѓани, одвои 206.000.оо денари за
реализација на проектот ,, СИДА ДРОГА СЕКС И ROCK &ROLL,, кој
Младински Совет Охрид ќе започне да го реализира по завршувањето на
новогодишните и божикните празници.
|
|
Повеќе...
|
|

Советот на Општина Струга на последната седница за 2008 година, оддржана на 29.12.2008 година со консензус го усвои Локалниот Акционен Младински План за Општина Стуга. ЛАМП, подготвен на иницијатива на Младински Совет Охрид беше ставен како четврта точка на дневен ред на седницата. Пред да се стави на гласање, за збор се јави советникот Беким Кица кој ги повика советниците на поддршка на планот, затоа што истиот и е потребен на општина Струга за да им помогне на младите да станат поактивни и повеќе да партиципираат во општествениот живот на општината, со што ќе им се даде можност да донесуваат одлуки за прашања кои нив ги засегаат. Документот беше усвоен со 24 гласа ЗА, по предходно повикување на советниците со консензус да го донесат ЛАМП, од страна на Претседавачот на Советот на општина Струга, Сејфула Хани.
|
|
Повеќе...
|
|
 Младински Совет Охрид, како Локален Волонтерски Сервис, организираше две обуки за волонтерски менаџмент. На обуките зедоа учество 10 волонтери и 9 супервизори од исто толку јавни институции и здруженија на граѓани во кои ќе започнат да волонтираат волонтерите.
|
|
Повеќе...
|
|
  Претставници на Младински Совет Охрид претстојуваа на студиско патување
во Загреб, Р. Хрватска. Неколкудневниот престој беше искористен за
размена на информации и искуства од работењето на Младински Совет Охрид
и Младинската Мрежа на Хрватска, со посебен акцент на активното учество
на младите во општеството и на развојот на ресурсите за информирање на
младите. Во оваа прилика беа реализирани повеќе панел дискусии на кои
се дискутираше за механизмите за активно учество на младите, младите во
процесите на донесување на одлуки, перцепција на младите во медиумите и
јавноста и волонтерство и младински активизам.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 41 - 50 од 116 |