 На 16 февруари 2007 година во големата сала на општината Охрид се одржа средба на граѓаните со претставници на локалната и централната власт.
Средбата беше организирана на тема ,,Дали општината Охрид е подготвена за целосна децентрализација,,.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Во преполнетата сала на општина Охрид, на 14 февруари, 2008 година се одржа промоција на Проектот ,,Ден на дрвото, засади ја својата иднина,, кој всушност е национална Акција за пошумување низ цела Македонија. На промоцијата пред присутните зборуваа членови на координативното тело, кое пред одржување на промоцијата имаше средба кај Градоначлникот на општина Охрид Александар Петрески.
На средбата беа разменети мислења за локацијата каде треба да се спроведе акцијата, како и за други детали неопходни за реализација на акцијата која ќе се одржи на 12 март 2008 година.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Општата цел на проектот е постигнување на финансиска стабилност на организацијата за нејзино непречено функционирање, што би придонело за нејзино прераснување во младински центар, во кој младите ќе ги развиваат своите творечки и креативни вештини. Младинскиот Центар како проект на нашата организација би функционирал во засебни простории и во истиот би се реализираме повеќе активности, со кои младите ќе го исполнуваат своето слободно време, ќе творат, ќе работат и ќе се забавуваат. (Визијата на Младинскиот Совет е во догледен период да функционира како младински центар со воспоставени програми, финансиска стабилност со препознатлив имиџ во државата и партнер на локалната власт во решавање на проблемите со младите).
|
|
Повеќе...
|
|
Започна реализацијата на новиот проект на
Младински Совет-Охрид ЗА НАСИЛСТВО ВО ВРСКА НА АДОЛЕСЦЕНТИ, "ТЕМНАТА
СТРАНА НА ЉУБОВТА"
Долгорочна цел на проектот е превенција од
насилството помеѓу младите, создавање на услови погодни за почитување
на човековите права и унапредување на родовата рамноправност. Равојната
цел е во согласност со Уставот на РМ, Законот за семејство кој
финкционира во РМ, во кој единствено се третира насилството,
националната стратегија за млади на РМ.
|
|
Повеќе...
|
|
|
МЛАДИНСКИ СОВЕТ - ОХРИД ја започнува реализацијата на втората фаза од проектот за ЕДУКАЦИЈА НА ДЕЦА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА, ЗА РАЗУМНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА.
Џелта на проектот е запознавање на децата со поимот електрична енергија, запознавање на децата со видовите на енергија кои се користат во домовите и изворите на енергија, упатување како безбедно да се користи енергијата, укажување на опасноста од ризикот од електричната енергија и начинот тие да се избегнат, потреба и начини на заштеда на електрична енергија и доближување на компанијата ЕВН која ја дистрибуира струјата до нивните домови.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 11 12 Следна > Крај >>
|
| Резултати 111 - 116 од 116 |