Во рамките на програмата „МЛАДИ КРЕАТИВЦИ“ Младински Совет Охрид, ја организира летната школа за изработка на накит. Летната школа ја посетуваат 15 млади кои дел од слободното време сакаат да го поминуваат дружејки се меѓу себе, совладувајки ги вештините и техниките за изработка на накит, се запознаваат со материјалите и алатките кои се користат за изработка на накит.
Во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт ,„СПОРТ ЗА СИТЕ - ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“ беше организиран час по едриличарство. Часот по едриличарство се состоеше од теоретски и практичен дел и на него учествува 20 млади кои за прв пат имаа прилика да се запознаат со основите на едриличарството, а исто така со едрилици да запловат по Охридското Езеро.
Во рамките на програмата за развој на креативност кај младите, а како дел од литературната работилница, Младински Совет Охрид, ја издаде првата збирка на песни и раскази ,, СЈАЈНИТЕ ВОДНИ СИНИЛА,,.