 Во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт, Младински
Совет Охрид го организираше планинарскиот излет на Галичица. 40те
најактивни млади, кои покажаа интерес за учество во активностите во
текот на целата година, поаѓајки од авобуската постојка кај Тим Маркет
со автобус на ПУПЕ КОМПАНИ се упатија до Липова ливада. Планинарејки,
групата се упати до планинарската куќарка, при што беше направена
првата проверка на опрема.
|
|
Повеќе...
|
|

Во рамките на програмата за ангажман на младите во заедницта ,, МЛАДИ ВО АКЦИЈА
,, волонтерите на Младински Совет Охрид подготвуваат специјален
новогодишен настан. На овој настан покрај организирање на забавата,
пакетчињата и новогодишните подароци кои се планирани да им се дадат на
децата кои го посетуваат дневниот центар на Младински Совет Охрид,
предвидено е да се поканат сите донатори кои ја поддржуваат оваа
програма, како и нови потенцијални донатори, претставници на јавните
институции од областа на образованието, културата, здравството,
социјалата и сл. како и претставници на и локалната и централната власт.
|
|
Повеќе...
|
|

Претставници на мисијата на ОБСЕ на "The Balkan Trust
for democracy" и на Екуменска Женска Иницијатива, остварија средби со претставници на Младински Совет Охрид.
На средбата со претставниците на ОБСЕ беше презентирана идејата за
реализацијата на програмата за превенција од дрога, алкхол и тутун,
како и за можноста на финансирање на дел од програмските активности.
Преставниците на ОБСЕ ја поддржаа оваа иницијатива и дадоа предлог
истата да биде разгледана од претставници на оваа мисија кои се на
повисоки позиции по што ќе се даде одговор кој дел од програмата ќе
биде финансиски поддржан. Програмата за превенција од дрога, алкохол и
цигари, ќе биде презентирана пред претставниците на Локалниот Совет за
превенција, кој неодамна се формираше во Локалната Самоуправа на
општина Охрид со цел истата да ја добие и поддршката на овој совет.
|
|
Повеќе...
|
|

Со оддржување на последната рабоилница во основното училиште ,,Кочо
Рацин,, во Охрид, Младински Совет ја заврши третата фаза од проектот за
едукација на деца од третите и четвртите одделенија во основните
училишта за разумно користење на електричната енергија.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 46 - 54 од 116 |